fbpx
Таг: опозиција

таг: опозиција

Собранието го усвои буџетот за 2020 година

Собранието го усвои буџетот за 2020 година со 65 гласа „за“ и 23 „против“ како и Законот за извршување на буџетот од 2020 година во рамки на 125. седница. Буџетот за идната година изнесува 3,9 милијарди евра, приходите се планирани на 3,6 милијарди евра, расходите на 3,9 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е предвиден на ниво од 2,3 отсто. За власта...

За власта буџетот е развоен, за опозицијата – популистички и предизборен

Буџетот за 2020 година носи мото „инвестираме во човечкиот капитал” затоа што човечкиот капитал е најважен за економскиот развој на една земја, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во експозето на предлог-буџетот за 2020 година, кој денеска беше на пленарна седница во Собранието. - Затоа, во предлог-буџетот за 2020 година издвоивме наjвисоки досега 154 милијарди денари за функциите на здравството,...

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Шилегов парите за дочекот да ги донира во хумани цели

Групата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бара градоначалникот Шилегов 100.00-те евра наменети за новогодишната прослава да ги пренамени за хуманитарни цели. Тие прашаа и зошто се трошат 300.000 евра за украсување на градот, кога воздухот во него е енормно загаден. „Во знак на транспарентоста и отчетноста кон граѓаните бараме да се објават донаторите кои обезбедија сто илјади евра...

Анализа: Изборен фолклор – каква реторика се очекува во кампањата?

Партиската машинерија на терен – неформалната кампања веќе е во полн ек. Според аналитичарите ова се избори кои ќе траат „најдолго“ бидејќи датумот за нивно одржување е познат седум месеци однапред, пишува во неделната анализа на „Порталб.мк“. По бриселското фијаско, власта реши да ја тетстира својата доверба а опозицијата прифати да влезе во изборен циклус со надеж дека разочарувањето што...

Орбан ја загуби Будимпешта на локалните избори во Унгарија

За прв пат по доаѓањето на власт во 2010 година, Виктор Орбан претрпе значаен пораз од унгарските опозиционери. Либералот Гергели Карашони е нов градоначалник на Будимпешта, кој на вчерашните локални избори освои над 50 отсто од гласовите и се најде пред кандидатот на владејачката партија Фидес, Иштван Тарлос. Според првичните резултати на изборната комисија, опозицијата освои и 17 делегати во...

Мицкоски до Заев: Нема да поддржиме закон за амнестирање на криминалот на Заеви

По вчерашното видеообраќањее на премиерот Зоран Заев во кое тој ја повика опозицијата да биде конструктивна и да ги поддржи новите законски измени на законот за јавното обвинителство, но истовремено ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „партијата што ѝ донесе неправда на земјата“, Христијан Мицкоски одговори преку Фејсбук. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ работела конструктивно, но сега не може да поддржи „закон кој има...

Лидерската средба нема да се одржи, нема услови за консензус, велат од владата

Владата информира дека не се создадени услови за постигнување консензус за организирање на лидерската средба закажана за денеска и дека таа нема да се одржи. „Владата одбива да прифаќа ултиматуми од неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја. Претседателот на Владата Зоран...

Мицкоски му се закани на Заев со политички пекол, Сиљановска гледа потреба од предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес конференција вечерва по објавувањето на резултатите од претседателските избори им порача на СДСМ и на Зоран Заев дека ги очекува „политички пекол“ што ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ, како најголемата политичка сила во земјава. Мицкоски прогнозираше дека на следните парламентарни избори ќе постигне триумф, освојувајќи половина милион гласови. - ВМРО-ДПМНЕ, споредено со коалицијата на...

Демонстрантите во Тирана се обидоа да влезат во парламентот

Опозициските демонстранти синоќа се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во Тирана и да упаднат во зградата на парламентот. Полицијата одговори со солзавец, па поддржувачите на опозицијата фрлаа разни предмети и петарди кон полицискиот кордон. Синоќа демонстрантите, по третпат во последните две седмици, повторно се собраа пред парламентот во главниот град на Албанија и палеа автомобилски гуми и фрлаа факли,...

Филипче повторно би ја вакцинирал внуката, антиваксерите и опозицијата пласирале лажна вест

За обвинувањата дека ја лаже јавноста со вакцинирањето на неговата внука, министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“ рече дека се „груба манипулација на опозицијата“. - Жал ми е што ДПМНЕ посегна по груба манипулација да ја смени вистината. Стануваше збор за потег со кој сакав да покажам дека тоа што го зборувам, го мислам....

Со 79 гласа поминаа измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Со 79 гласа „за“, на 78-та седница на Собранието, денеска беше изгласан предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За законот гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата, а Лилјана Затуроска порача дека опозицијата ќе поднесе предлог за измена и дополнување на денеска изгласаниот закон, кого сепак го нарече „почеток на неопходните реформи“. Здружението...

Шест амнестии за 27 години

Лавина реакции во македонската јавност предизвика вчерашното едногласно усвојување на Законот за амнестија за собраниските настани од 27 април за кој 95 пратеници од власта и опозицијата гласаа „за“. Главното прашање е дали политичарите со користењето на амнестијата како механизам го подриваат правниот систем во Македонија во зависност од моменталните политички интереси. Искуствата покажуваат дека во нашата земја често се...

СДСМ: Мицкоски ја потврдува поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со насилството од 27 април

За владејачката СДСМ е неприфатливо барање на Христијан Мицкоски да се формира независно тело кое ќе ги преслуша снимките на судиите и обвинителите во изминатите две години. „Мицкоски ги потврдува сведоштвата за сериозна поврзаност на насилниците со ВМРО-ДПМНЕ во организацијата и координацијата на насилството од 27 април. Преку нелогични, несериозни и неосновани барања, интерпелации, измислици, Мицкоски се обидува да ги...

Расправата за предлог-буџетот за 2019 продолжува во матичната собраниска комисија

Комисиската расправа за предлог-буџетот продолжува во матичната Комисија за финансирање и буџет во Собранието. Предлог-буџетот за 2019 година тежи 3,7 милијарди евра, вкупните приходи се проектирани на 210,8 милијарди денари, (3,4 милијарди евра), а порастот на економијата 3,2 проценти на домашниот бруто-производ (БДП). Со буџетот за 2019 година се предвидува намалување на буџетскиот дефицит, кој за следната година е проектиран на...

Српската опозиција прашува каква е улогата на Белград во бегството на Груевски

Опозициските Движење на слободни граѓани (ПСГ) и Граѓански блок 381 (ГБ381) денеска упатија прашање до власта во Србија каква е улогата на официјален Белград во бегството на Никола Груевски во Унгарија и дали е точно дека српскиот претседател Александар Вучиќ „незаконски наредил БИА тајно да го прифати Груевски и да го спроведе низ Србија“, мислејќи на српската агенција за...

Османи го претстави „планот 18“: Реформите мора да ги одделиме од дневната политика

Вицепемиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ја презентираше содржината на реформскиот „план 18“ кој вчера беше усвоен од страна на Владата. Османи истакна дека ова следи како континуитет по завршувањето на имплементацискиот период на „планот 3-6-9“. - Имплементацијата на Договорот од Преспа претставува една од најважните обврски преземени од наша страна. Во следниот период очекувам зголемување на политичката поддршка...

Бошњаковски: Владата сака амандманите да ги дефинира со опозицијата, заради консензус

Владата ќе пристапи на изработка на уставните амандмани дури откако ќе заврши работата во Собранието со изгласување на потребата за нивно изготвување и најдобро е тие да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. – Потребно е да се изгради национален консензус бидејќи, како што вели и премиерот,...

Заев: Деновиве ќе се знае дали ќе има договор со опозицијата или ќе се оди на избори 

За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за двотретинско мнозинство кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуват до Договорoт со Грција. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во изјава дадена по свечениот час на новозапишаните студенти на ФИНКИ. Заев истакна дека денеска е ден за сублимирање на...

Штипската опозиција обвинува дека граѓанските пари завршија во партиски џебови

Поделбата на близу милион денари од буџетот на Општината Штип на седум граѓански организации, ги спротивстави ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари добила организација чиј претседател беше кандидат за советник од листата на СДСМ на последните локални избори, а две од седумтте организации – добитници, имаат исто лице во управувачката структура. Со одлука на Советот на Општината Штип,...

Заев: Опозицијата да ги повика граѓаните да излезат на референдумот

Премиерот Зоран Заев очекува поддршка од пратениците од владејачкото мнозинство во Собранието за отпочнување на иницијативата за референдумот. Од кумановско Черкези, премиерот повтори дека 30 септември е таргетираниот датум за одржување на референдумот. – Тоа што јас го знам е дека процедурите се отпочнати во Собранието. Оттаму веројатно денеска ќе има информации. Она што јас сум информиран во консултација со...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...