fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се откажа од потпретседател во Собранието

-

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во телевизиско гостување вчера рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, посочувајќи дека тоа е непотребен трошок кој што ќе го плаќаат граѓаните.

-Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави. Впрочем ако видиме во минатото никогаш не било вака, дополнително само ќе се зголемат трошоците кои ги плаќаат граѓаните, а најголем од тие дури и да ги имаме 5 потпретседатели никогаш нема да седнат на спикерското столче – истакна Јанушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...