fbpx

Турција решава за иднината – без или со Ердоган!

Главниот ривал на Ердоган, кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу, ветува дека ако победи ќе укине голем дел од претседателските овластувања што Ердоган ги доби по неуспешниот обид за државен удар во 2016 година.

-

Во Турција денеска се одржуваат решавачки избори, можеби најбитните во нејзината модерна историја, на коишто над 64 милиони гласачи ќе имаат можност да ја одредат иднината на својата земја – дали со неа и понатаму, по 20 години на власт, ќе раководи Реџеп Тајип Ердоган, или ќе го испратат во историјата.

Како што известува Би-Би-Си од Турција, има тројца претседателски кандидати, откако четвртиот, Мухарем Инџе, пред три дена се повлече од кампањата, тврдејќи дека против него се води валкана кампања. Сепак, и неговото име стои на гласачките ливчиња што им се даваат на гласачите, оти времето беше прекратко за да се испечатат нови гласачки ливчиња.

Главниот ривал на Ердоган, кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу, ветува дека ако победи ќе укине голем дел од претседателските овластувања што Ердоган ги доби по неуспешниот обид за државен удар во 2016 година.

Киличдароглу, познат како „турскиот Ганди“, има широка поддршка од опозицијата, но и реална шанса да го истурка Ердоган по цели 20 години на власт.

Токму поради анкетите, којшто даваат простор за таков развој на настаните, кампањата се вжешти до усвитување – Ердоган вчера, спротивно на изборните правила, им се обраќаше на луѓето што вчеравечер беа на молитва во џамиите во Истанбул.

Гласањето утрово почна во 8 часот по турско време. Истовремено се одржуваат и парламентарни и претседателски избори. Според Би-Би-Си, барем во Истанбул има огромна излезност.

Доколку на денешното гласање некој од кандидатите освои повеќе од 50 отсто од гласовите, ќе стане нов претседател на Турција. Во спротивно, за две седмици ќе има втор круг на претседателските избори.

Киличдароглу е лидер на секуларистичката Републиканска народна партија (ЦХП), а на претседателските избори има поддршка од шест опозициски партии.

Денешните парламентарни и претседателски избори се одржуваат во многу тежок период за Турците. Инфлацијата официјално изнесува 44 отсто, иако многумина Турци сметаат дека е дури и повисока, а 11 од провинциите во Турција беа тешко погодени во февруарските земјотреси на југоистокот на земјата, во коишто животите ги загубија повеќе од 50.000 луѓе.

Гласачките места ќе се затвора во 17 часот по турско време. Претходно во дипломатските претставништва на Турција во странство, претежно во Германија и Франција, но и во други земји, гласаа 1,76 милиони лица, што е досега рекорд за гласање во странство, односно излезност од 53 отсто.

Вчеравечер, на броени часови од отворањето на гласачките места, 74-годишниот Киличдароглу, положи букет каранфили во мавзолејот на основачот на модерна Турција, Мустава Кемал – Ататурк. Турција одбележува точно 100 години од формирањето како модерна секуларна република. Но во текот на владеењето на Ердоган во изминативе децении, почна постепено свртување од секуларните традиции кон нагласување на верските чувства.

Ердоган (69), пак, ја водеше вечерната молитва во Аја Софија, која после децении како музеј, од Ердоган беше повторно прогласена за џамија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...