fbpx

Во Србија денеска се одржуваат избори, дел од опозицијата ги бојкотира

-

Во Србија денеска се одржуваат парламентарни, покраински и локални избори. Право на глас имаат 6.583.665 граѓани, кои можат да изберат меѓу 21 изборна листа што се натпреварува на парламентарните избори. Според досегашните анкетни истражувања, за фаворит на изборите се смета Српската напредна странка на актуелниот претседател Александар Вучиќ.

Сепак, значаен дел од опозицијата, групирана околу коалицијата Сојуз за Србија (СзС), се решија да ги бојкотираат изборите, бидејќи сметаат дека власта не ги исполнила условите за одржување на фер и демократски избори. Меѓу нив, е и најголемата опозициска партија – Демократска странка на поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Покрај парламентарните избори, во земјата се одржуваат покраински и локални избори со кои се избираат новите градоначалници и општински совети во градовите, како и ново Покраинско собрание во Војводина. Според податоците на Цесид и Ипсос, до 9 часот излезноста на изборите е 5,2 отсто од вкупниот број на запишани гласачи во земјата.

Изборите во Србија се одвиваат за време на постоење на корона вирусот во земјата. Републичката изборна комисија подготви посебни препораки за гласање. Меѓу нив, една од најзначајните совети е граѓаните да носат заштитна маска на избирачкото место, да се избегнува ракување со било кое лице на избирачкото место, како и да нема било каков друг контакт на растојание од еден метар пред и после гласањето.

Според препораките, во Србија се гласа на избирачки места, во простории кои се постојано проветрувани, додека членовите на избирачките одбори носат заштитни маски и ја почитуваат препораката за држење дистанца од најмалку еден метар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави...