fbpx

Агелер за МИА: „Бехтел“ работи законски, опозицијата критикува заради политички поени

-

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан.

Агелер во интервју за МИА изрази разочарување поради тоа што опозицијата без да располага со сите факти и информации го критикува проектот, нагласувајќи оти тоа го прави од политички причини, за добивање политички поени.

„Сметам дека мошне е разочарувачки тоа што тие во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација… граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10 д, кога ќе бидат комплетирани. Разговорите мислам сè уште траат, но сметам дека е жално што има такви, кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени“, вели, меѓу другото, амбасадорката на САД во интервјуто за МИА.

Инаку, по бројните критики до власта поради тајноста на договорот, се дојде до соломонско решение, Јавното обвинителство да го провери договорот за евентуални незаконитости.

„Бехтел-Енка“ ќе проектира и ќе гради, а кој сака би работел 60 часа за повеќе пари

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...