сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: критики | 47 резултати

Дамева: Судскиот совет немаше правна основа да ја исклучи јавноста

мај 8, 2023

Разрешената претседателка на Судскиот Совет (СС) на РСМ има право кога вели дека вчерашните седници (три) на кои СС ја повлече одлуката за разрешување од 28 април, па изгласа нова за разрешување со повеќе гласови, па закажа трета на која избра нов претседател на СС, се, де факто, настани кои не се во целост засновани […]

Контраспин: Јолевски спинува околу случајот со обвинителката Ленче Ристоска

април 29, 2023

Наместо претседателот на Советот на јавни обвинители (СЈО), Антонио Јолевски, да ја повика обвинителката Ристоска на разговор од кој можеби и ќе дознае кој тргувал со влијание од Советот, тој и Советот ја упатуваат пред Етички совет за да оценел дали Ристоска со критиките и барањата за трансформација на СЈО сторила дисциплинска повреда и им […]

Во ЕУ извештајот нема „најмногу критика“ за ВМРО-ДПМНЕ – критиките и кон власта не се ништо помали

октомври 18, 2022

Во Извештајот на ЕУ за напредокот на С. Македонија во 2021/2022, година „критиките“ ако можат да се оценат како критики, зашто се опис на состојбите, најмногу се однесуваат на „непостоење консензус“ за важни законски промени што доведува до „поларизација во Собранието помеѓу политичките партии“, што доведува до намалена функционалност на парламентот при сосема нова улога […]

ЕУ со исти критики како и лани: Да се забрза изградбата на Коридорите 8 и 10д и реформите во железницата

октомври 13, 2022

Критиките во транспортниот сектор од Европската комисија се речиси идентични како и лани, односно остануваат како барања за исполнување од власта. Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија во европските интеграции за 2022 година се критикуваат истите проекти како и лани – изградбата на пругата кон Бугарија, патниот Коридор 10-д од Градско до Прилеп, заедничките […]

Ревизорите со критики за спроведување на мерките за ублажување на климатските промени во земјава

јули 4, 2022

Многу зборување и ветувања, но малку реализација на дело. Државниот завод за ревизија (ДЗР) со серија на критики кон властите во врска со спроведувањето на мерките и политиките за ублажување на влијанието на климатските промени во земјава. Развојот на правната и стратешката рамка за координирана климатска акција во земјава се одвива со задоцнување од три […]

Никола Димитров: Немам целосна доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи

јануари 12, 2022

Вицепремиерот за европски прашања во заминување Никола Димитров денеска упати критики кон Владата околу процесот за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој на прес-конференција рече оти нема доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи за преговорите со Бугарија. „Немам целосна доверба во министерот за надворешни работи во однос на прашањето со Бугарија, […]

Вистиномер: Не може да се тврди дека „законот за дивоградбите“ се однесува на сиромашните

мај 18, 2021

Изјавите на премиерот Зоран Заев и на дел од претставниците на извршната власт дека со законот за легализација на дивоградбите се штитат, пред сè, сиромашните, како и дека мора да има своевидна амнестија, се спинови, зашто ниту има точна проценка колку дивоградби има и дали тие се доминантно на сиромашни граѓани, ниту, пак, е уставно […]

ЕК: Неопходна е засилена акција на институциите во борба со климатските промени

октомври 16, 2020

Институтот за демократија, ИДСЦС, Центарот за европски стратегии „Евротинк“ и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ оценуваат дека фокусот на надлежните институции, на среден и на долг рок, треба да се стави на праведната транзиција на регионите зависни од јаглен, декарбонизацијата (елиминирање на фосилните горива и примена на нови одржливи обновливи извори […]

Мицотакис не му даде поддршка на Ципрас за прашањето за името

јануари 27, 2018

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја отфрли можноста да и даде поддршка на владата за формирање на поширок национален консензус за прашањето за името, јавува македонската државна новинска агенција МИА. Мицотакис по средбата со Ципрас упатил критики за начинот на кој грчката влада […]

Русија со критики кон САД за свикување на Советот за безбедност за протестите во Иран

јануари 6, 2018

Русија остро ги критикуваше Соединетите Американски Држави поради свикувањето на Советот за безбедност на Обединетите нации за протестите во Иран, во кои настрадаа најмалку 21 лице. Рускиот амбасадор при ОН, Василиј Небензја изјави дека мешањето на САД во внатрешните работи на Советот на безбедност на Обединетите нации ќе му нанесе штета на највисокото тело на […]

Трамп ја критикуваше Кина поради наводите дека ѝ дава нафта на Северна Кореја

декември 28, 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја критикуваше Кина во врска со објавените информации во медиумите дека нафта од кинеските бродови незаконски била префрлана во севернокорејски бродови на море, јавуваат светските агенции. Трамп на „Твитер“ наведе дека Кина е „фатена во прекршок“ и дека е „многу разочаран што Кина дозволува нафтата да стигне во Северна […]

Лондон со остри критики до Трамп поради „твитовите“ за терористичкиот напад

септември 17, 2017

Високиот британски функционер Демијан Грин денеска го критикуваше претседателот на САД, Доналд Трамп, поради неговите пораки на „Твитер“ во врска со полициската истрага за терористичкиот напад во метро-станицата во Лондон. Грин, кој ја има почесната титула прв државен секретар, за „Скај њуз“ изјавил дека „твитот“ на Трамп за полициската истрага не бил од помош. Тој […]

Заев би го вратил Таравари на министерската функција ако не стане градоначалник

септември 15, 2017

Премиерот Зоран Заев е подготвен да го врати Арбен Таравари за министер за здравство ако тој изгуби во градоначалничката трка, без оглед што самиот си поднесе оставка. Гостувајќи во емисијата „Топ-тема“, Заев рече дека не е проблем Таравари да се врати ако загуби на изборите, оти демократијата подразбира право за битка за гласовите на граѓаните. […]

Трамп го нападна лидерот на републиканците во Сенатот поради „Обамакер“

август 10, 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска остро го критикуваше лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, поради неуспехот во укинувањето на законот за здравствена заштита (Обамакер) и донесувањето нов закон, јавуваат американските медиуми. Трамп го обвини Меконел дека е виновен за неуспехот на републиканците, кои имаат мнозинство во Сенатот, да го укинат законот за здравствена […]

Хан: Барањата на граѓанскот сектор од Балканот се прифатливи

јули 12, 2017

Најголем дел, околу 90 отсто од барањата и од препораките на граѓанскиот сектор од Балканот се прифатливи, само треба да се најде начин за нивна имплементација, оцени еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска во Трст, откако присуствуваше на средбата меѓу претставниците на граѓанскиот сектор и шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан. На средбата […]

Северна Кореја успешно тестирала интерконтинентална балистичка ракета

јули 4, 2017

Северна Кореја денеска соопшти дека извршила успешно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, јавуваат светските агенции. Лансирањето на ракетата „хвасонг-14“ го следел и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, кој го наредил тестирањето, било наведено во специјалната емисија на севернокорејската телевизија. „Тестирањето на интерконтиненталната ракета е голем успех во историјата на нашата Република. Северна Кореја е […]

Димовски: Владата на Заев има мал и слаб економски тим

мај 30, 2017

Пратеникот Илија Димовски, кој беше прв говрник по експозето на мандатарот за составување на новата влада, Зоран Заев, истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде активна и конструктивна опозиција, која нема намера да ги повторува грешките на СДСМ, кога тој беше во опозиција. – Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе доаѓаат на работа и ќе бидат […]

Вучиќ: Не ми пречи што Заев ме навредува, важно ми е како ќе се однесува кон Србија

мај 18, 2017

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека не го интересираат внатрешните односи во Македонија, ниту дали мандатарот за состав на новата македонска влада го навредува, туку го интересира како Македонија ќе се однесува кон Србија. – Не би сакал да зборувам што мислам за Зоран Заев. Ниту сакам ниту можам да зборувам остро, иако […]

Хан ја искритикува опозицијата во Албанија поради одлуката за бојкот на изборите

мај 11, 2017

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска преку отворено писмо до граѓаните на Албанија ја искритикува опозицијата за одлуката да ги бојкотира изборите, закажани за 18 јуни. Тој им порача на политичките лидери во земјата дека „ќе сносат одговорност доколку се обидат да ги попречат аспирациите на граѓаните за подобра иднина“. „Актуелната […]

Иванов ја одложи посетата на Австралија

март 16, 2017

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, донел одлука за одложување на посетата на Австралија, соопштиле од неговиот кабинет за државната новинска агенција МИА. Оттаму посочиле дека политичката состојба во земјава и тензиите меѓу Европската Унија и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои Иванив нема да ја реализира посетата на Австралија, […]

Страна 1 од 3