петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: критики | 47 резултати

Малезија го протера амбасадорот на Северна Кореја од земјата

март 4, 2017

Малезија го протера амбасадорот на Северна Кореја во Куала Лумпур, поради неговото критикување на истрагата за убиството на полубарот на лидерот на Северна Кореја, соопштило денеска малезиското министерство за надворешни работи, јавува „Би-би-си“. Шефот на малезиската дипломатија, Анифах Аман, изјавил дека до амбасадата на Северна Кореја било испратено известување дека амбасадорот Канг Чол има 48 […]

Полска ги отфрли критиките на ЕУ за спорната реформа на уставниот суд

февруари 21, 2017

Полска вчера испратила одговор до Европската комисија во кој ги отфрла критиките на Брисел во врска со спорната реформа на полскиот уставен суд, со оценка дека „спорот е решен“, јавуваат светските агенции. Инаку, Европската Унија ѝ се закани со санкции на Варшава, што е прв ваков случај, кога станува збор за земја членка на ЕУ, […]

Британија ги укинува истрагите за кршење на човековите права во Ирак

февруари 11, 2017

Британската влада донела одлука да го укине државниот орган задолжен за истраги во врска со обвинувањата против британски војници за кршење на човековите права во Ирак, соопшти минитерството за одбрана на Обединетото кралство. Државниот орган (ИХАТ), кој беше основан во 2010 година од поранешната лабуристичка влада, во моментов истражува 675 предмети, меѓу кои има и […]

Трамп им порача на вработените во ЦИА дека „илјада отсто“ стои зад нив

јануари 22, 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го посети седиштето на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во Ленгли, Вирџинија, при што истакна дека целосно ја поддржува агенцијата и им порача на вработените дека е „со нив илјада отсто“. Според светските медиумите, обраќањето на Трамп во седиштето на ЦИА, на првиот ден по преземањето на должноста претседател, се […]

Ле Пен: 2017 ќе биде година на националистичките партии

јануари 21, 2017

Претседателката на крајно десничарската француска партија Национален фронт, Марин ле Пен, денеска на собирот на претставниците на десно-популистичките партии во Европскиот парламент, кој се одржува во германскиот град Кобленц, изјави дека 2017 ќе биде година на националистичките партии, пренесува ХРТ. „Минатата година англосаксонскиот свет со Брексит и со изборот на Доналд Трамп за претседател на […]

„Конрад Аденауер“ жестоко ja искритикува ВМРО-ДПМНЕ

декември 22, 2016

Во анализа под наслов „Народот одлучи“, Фондацијата „Конрад Аденауер“ на германската владејачка конзервативна партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, упатува остри критики за недемократско однесување на „сестринската“ партија во Македонија – ВМРО-ДПМНЕ, поради нејзиното одбивање да се реформира, дезавуирањето на државните институции, како и поради критиките кон странските амбасадори, пренесува „Дојче веле на македонски јазик“. Анализата, […]

Владата на Србија им даде 48 часа на пратениците да го проучат предлог-буџетот од 1.300 страници

декември 4, 2016

Српското собрание денеска попладне ја почна седницата на чиј дневен ред е предлог-буџетот за 2017 година, кој, според тврдењата на владата, предвидува најнизок дифицит „во современата историја на земјата“. Со предложениот буџет, предвидени се приходи од 1.092,9 милијарди динари (околу 8,8 милијарди евра) и расходи од 1.162 милијарди динари (околу 9,4 милијарди евра), со што […]

Брисел: Политичарите да не напаѓаат дипломати, туку да се фокусираат на изборите

ноември 8, 2016

Македонските политичари да се воздржат од напади кон дипломати, амбасадори и кон други политичари и да се однесуваат професионално, порачуваат дипломатите од Брисел. Од Брисел им порачуваат на Владата и на сите политички фактори во земјава да се фокусират на тоа изборите да бидат фер и демократски и во изборната кампања политичарите да не водат валкани […]

Европската Унија ѝ порача на Турција да си ја заштити демократијата

ноември 8, 2016

Европската Унија денеска оцени дека загрижува неодамнешниот развој на случувањата во Турција и ја повика оваа држава да продолжи со политичкиот диjалог со опозицијата и да ја заштити својата демократија. Во соопштението на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини се вели дека иако државите членки на ЕУ ја препознаа потребата Турција […]

Русија не се меша во изборите во САД, тврди Путин

октомври 27, 2016

Рускиот претседател Владимир Путин ги оцени како „хистерични“ обвинувањата упатени кон Москва дека се обидува да влијае на изборите во САД, во корист на кандидатот на републиканците, милијардерот Доналд Трамп, јавуваат светските агенции. Ова Путин го истакнал пред поранешни светски лидери и експерти, за време на собирот во Сочи, организиран од клубот „Валдај“. Тој ги […]

Павлопулос продолжува со радикалните пораки за Македонија, овојпат од Солун

октомври 23, 2016

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, вторпат неделава, овојпат од Солун, испрати порака дека Македонија е една и грчка и дека тој ќе направи сè што е во негова надлежност да го заштити грчкиот карактер на Македонија и нејзиниот територијален интегритет. Павлопулос рече дека Грција сака да има добри и пријателски односи со Македонија, но никој нема […]

Унгарија треба да биде избркана од ЕУ, смета шефот на луксембуршката дипломатија

септември 13, 2016

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, повика членството на Унгарија во Европската Унија да биде привремено суспендирано, па дури и земјата да биде избркана од Унијата, поради „масовните прекршувања“ на фундаменталните вредности на ЕУ, пренесува „Би-би-си“. Тој ја критикувал владата во Будимпешта за нејзиниот третман на бегалците, независноста на судството и за слободата […]

Франгов: Водата е чиста, но со новиот водовод сакаме да го тргнеме сомнежот дека има арсен

септември 3, 2016

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, денеска за „Мета“ изјави дека новиот водоснабдителен систем во Гевгелија се гради затоа што градот има потреба од дополнителни количества вода. Тој тврди дека водата во Гевгелија е чиста, но дека локалните власти сакаат да го тргнат секој сомнеж. – Одлучивме да градиме нов водоснабдителен систем затоа што имаме потреба […]

И во поплавите поделени: За едни хаос, за другите потемкинови села

август 13, 2016

Седум дена поминаа од поплавите во скопско, а медиумите во Македонија откако известија за катастрофалните поплави, имаа различна перцепција за тоа како државата се справува со несреќата. Додека едни критикуваат дека состојбата е катастрофална, тешко се организира помош, се краде храната, по партиска линија се делат намирниците, останатите медиуми пренесуваат дека се работи деноноќно, ситуацијата […]

Полскиот парламент го донесе новиот закон за Уставниот суд

јули 7, 2016

Полскиот парламент денеска го усвоил новиот закон за Уставниот суд, во обид да ја одблокира работата на оваа важна институција, јавуваат светските агенции. Поради контроверзните реформи во Уставниот суд, кои предзвикаа парализа во неговата работа, конзервативната полска влада, во која мнозинството го има Партијата на правото и правдата, беше остро критикувана од Европската Унија и […]

Аврамопулос: ЕК е подготвена за санкции кон земјите што одбиваат да прифатат бегалци

јуни 23, 2016

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, денеска изјавил дека Европската комисија е подготвена да воведе санкции за земјите членки на Европска Унија кои одбиваат да прифатат бегалци, во согласност со договорениот план за прераспределба, јавуваат светските агенции. Аврамопулос, на бизнис-конференција во Атина, ги критикувал „популистичките и националистичките лидери“ на европските земји, кои изјавуваат дека нема да […]

Селективната аболиција не поминува кај меѓународната заедница

мај 30, 2016

Претседателот, Ѓорге Иванов во петокот, минатата недела, реши да ги поништи помилувањата на 22 политичари од вкупно 56 аболирани лица, одлука која наиде на жестоки критики од претставниците на меѓународната заедница. Денеска, според најавите, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да излезе со официјален коментар за поништувањето на аболицијата за 22 лица. Во кабинетот на специјалната […]

Грција со критика за Македонија поради затворањето на границата за Авганистанците

февруари 22, 2016

Грчкиот министер за миграциски прашања, Јанис Музалас, ја критикуваше Македонија за прекршување на европскиот договор за бегалската криза, со кој се гарантира дека границите за бегалците ќе бидат отворени и слободни за премин до 6 март. Коментарот на Музалас доаѓа по одлуката да не се пропуштаат бегалци од Авганистан од Грција во Македонија, поради што […]

Хан го подбраа на социјалните мрежи

јануари 16, 2016

По неуспешните преговори на четирите најголеми политички партии потписнички на Договорот од Пржино заедно со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на социјалните мрежи има лавина од негативни критики кон Хан, каде го обвинуваат за неинформираност, пристрасност и непрофесионалност. Бомбите, Прибе, реформските приоритети и извештајот на ЕК велат дека земјата е во […]

Бакојани и Коѕиас во кавга поради поранешната амбасадорка во Скопје, Пападопулу

октомври 7, 2015

Жестока кавга изби меѓу шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и неговата претходничка, Дора Бакојани, поради поранешната амбасадорка на Грција во Македонија, Александра Пападопулу. Причината за политичката расправија е одлуката на Коѕиас да ја повлече Пападопулу од позицијата постојан грчки претставник во ЕУ. Бакојани остро го критикуваше за оваа одлука, коментирајќи дека сака да исклучи […]

Страна 2 од 3