fbpx
Таг: опозиција

таг: опозиција

СДСМ: Власта да не ги полни буџетските дупки преку хонорарците

СДСМ најостро се спротивставува на донесениот закон со којшто фирмите и граѓаните од 2015 година се изложени на нови трошоци! - Станува збор за новите издатоци при договорите на дело и авторските договори. Тоа се дополнителни плаќања за придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување при примања хонорари, чијашто сума е поголема од проектираната минимална плата, т.е. 9.500,00 денари, без...

Каревска, Грчева и Буралиева се сретнаа со Ауер

Пратениците Роза Топузова-Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева денеска одржаа средба со Едуард Ауер, новоименуван шеф на Одделот за Западен Балкан, надлежен за Република Македонија, неговиот соработник од истиот оддел, Јоханес Виереук, како и со Камила Дуда Кањецка од Делегацијата на Европска Унија во Скопје. Средбата е остварена во рамките на првата официјална работна посета на  Ауер во Скопје. На средбата...

Жерновски: Опозицијата е сплотена како никогаш досега

Никакви притисоци нема да нè поколебаат, подготвени сме да одиме до крај. Финалната цел е Груевски да си замине за доброто на Македонија, порача на трибината во Крива Паланка лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, и рече дека „бомбата“ ќе биде во народот, кој ќе ја испрати пораката дека власта ќе си замине. - Му верувам на Зоран Заев, а и власта ќе почне...

Понеделник, ден за одлука во Собранието

Деловнички дозволените шест месеци за неоправдано отсуство на пратениците, завршуваат в понеделник, а според потпретседателот на Собранието, Рафиз Алити, можно е ова да биде и на дневниот ред на редовната координативна средба. Најдобрата варијанта, според Алити, е опозицијата да се врати во парламентот. - И понатаму ние ќе го браниме овој став дека треба до крај да се инсистира пратениците на опозицијата да...

На „Фејсбук“ се враќаат во парламентот, на јаве се пишманат!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера потврди дека не се размислува за враќање во Парламентот
Лидерите на трите големи опозициски партии, СДСМ, ЛДП и НСДП, Зоран Заев, Андреј Жерновски и Тито Петковски, во седиштето на СДСМ на Бихаќка, вчера одлучија да продолжат со бојкотот на парламентот. Сепак, деновие сè погласни се информациите дека неколкумина пратеници од опозицијата имаат намера да се вратат во Собранието и покрај цврстиот став за бојкот, кој вчера го потврдија и...

Опозицијата почнува со трибини низ Македонија

Дебатите, како што посочи лидерот на СДСМ Зоран Заев, почнуваат од Битола
Опозицијата денеска треба да ги почне трибините низ Македонија, на кои со граѓаните ќе се разговара за актуелните политички случувања. Дебатите, како што посочи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнуваат од Битола. По вчерашната средба со Андреј Жерновски од ЛДП и со лидерот на НСДП, Тито Петковски, Заев изјави дека ги потврдиле ставовите дека опозицијата не се враќа во парламентот.

Опозицијата не се враќа во Собранието

Опозицијата не се враќа во Собранието, одлучија на денешната средба лидерите на опозицискиот блок, Зоран Заев, Тито Петоквски и Андреј Жерновски. Тројцата лидери се договорија да продолжат со блокирање на државните институции. - Темите за кои сакаме да разговараме со власта се познати. Ако таа сака, може да почнеме преговори - рече Заев. Тој истакна дека опозицијата веќе ја спроведува својата...

Прва седница за пратенички прашања, без опозиција

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска закажа седница за пратенички прашања, која ќе се одржи без присуство на пратениците од опозицијата, кои ги вратија пратеничките мандати по предвремените парламентарни избори во април годинава. Дваесеттата седница на Собранието, посветена на пратеничките прашања, е закажана со почеток во 11 часот. Ова е прва седница за пратенички прашања откако поминаа сто дена од формирањето на последниот...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...