Опозицијата не се враќа во Собранието, одлучија на денешната средба лидерите на опозицискиот блок, Зоран Заев, Тито Петоквски и Андреј Жерновски. Тројцата лидери се договорија да продолжат со блокирање на државните институции.
– Темите за кои сакаме да разговараме со власта се познати. Ако таа сака, може да почнеме преговори – рече Заев.
Тој истакна дека опозицијата веќе ја спроведува својата стратегија и дека од утре ќе почнат да одржуваат јавни трибини во 16 градови. Првата ќе биде во Битола.