fbpx

СДСМ: Власта да не ги полни буџетските дупки преку хонорарците

-

СДСМ најостро се спротивставува на донесениот закон со којшто фирмите и граѓаните од 2015 година се изложени на нови трошоци!

– Станува збор за новите издатоци при договорите на дело и авторските договори. Тоа се дополнителни плаќања за придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување при примања хонорари, чијашто сума е поголема од проектираната минимална плата, т.е. 9.500,00 денари, без разлика дали граѓаните веќе еднаш ја исполниле оваа своја обврска! Значи, од Нова година повеќе нема да биде важно дали сте привремено вработени или сте вработени на неопределено работно време. За вашите  договори на дело и авторските договори, компаниите ќе мора да издвојуваат давачки во висина од 35 проценти од договорениот надоместок, во коишто, покрај персоналниот данок, предвидени се и давачки за здравствено и за пензиско осигурување – рече Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ на денешната прес-конференција.

Од опозициската партија велат дека оправдани се стравувањата дека тоа најверојатно ќе резултира со индиректно намалување на хонорарите.

– Ако некој примал 12.000 денари нето-приход, сега во договорот повторно ќе стои 12.000 денари, но тоа ќе биде бруто-износ, што ќе биде намален за 3.000 денари издаток за социјалните придонеси. Граѓаните кои се принудени да работат на две-три места за да си обезбедат егзистенција, без разлика што примаат хонорари помали од минималната плата, сега се принудени самите да си ги платат овие придонеси, доколку збирот на средствата што ги одработиле е макар за еден денар поголем од законски утврдената минимална плата. Кога ќе се одземат парите што ќе треба да ги платат за данок од примениот хонорар, ќе им останат средства под минимално загарантирата плата во државата. Стравуваме дека сето ова ќе резултира со отпуштања од страна на работодавците, кои ова не ќе можат да го издржат – вели Кирацовски.

СДСМ бара овој закон да не важи за хонорарците кои имаат приходи од повеќе договори кои поединечно се под минималната плата, а нивниот збир не е поголем од 12.700 денари. На тој начин граѓаните во никој случај нема да бидат доведени во ситуација да добијат приход помал од минималната плата. Вработените на кои веќе им се плаќаат социјални придонеси, да не бидат изложени одново на вакви издатоци. Висината на придонесите да биде регулирана по принципот: граѓаните со помали хонорарни приходи, односно најголемиот дел од хонорарците, процентуално да плаќаат помалку, додека граѓаните со повисоки, да плаќаат повеќе.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...