fbpx
Таг: опозиција

таг: опозиција

Амбасадорите ја охрабрија опозицијата да се врати во Собранието за да се излезе од ќор-сокакот

Опозицијата да се врати во Собранието затоа што тоа е местото за надминување на политичката криза во земјата, побараа амбасадорите на Германија, Италија, Франција, САД, Велика Британија и на ЕУ на денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Го поздравуваме учеството на Заев на состанокот на Националнот совет за безбедност. Јасно му дадовме на знаење дека и од опозицијата...

За европските либерал-демократи, кризата и масовните протести во Македонија се алармантни

Лидерот на европските либерал-демократи во Европскиот парламент и поранешен белгиски премиер, Ги Верхофстад, изрази загриженост утрово за сè поголемите тензии во Македонија. Тој смета дека „продлабочувањето на политичката криза и масовните демонстрации се алармантни“. Верхофстад им изрази поддршка на тројцата европратеници кои посредуваат помеѓу власта и опозицијата во Европскиот парламент. - Сега времето е најбитно. Политичките лидери во земјата треба да почнат конструктивен...

Заев повика на голем сенароден протест на 17 мај во Скопје

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, вечерва, по протестниот марш во Кавадарци, кој, како што рече, е последниот по градовите во внатрешноста, најави и повика на голем сенароден протест на 17 мај во Скопје. - Овде, во Кавадарци, вечерва завршуваат протестите по градовите во внатрешноста на Македонија. Но, има и зошто. Овде ја користам можноста да ве повикам сите, целиот наш народ,...

Хојт Ји го повтори повикот да се расчисти случајот „Пуч“

Американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Ји го повтори повикот до македонските власти да се справат со случајот со прислушувањето, како и повикот до опозицијата да се врати во Собранието, објави „24 Вести“ . „Ги поддржуваме аспирациите на Македонија за членство во НАТО и во ЕУ. Ја повикуваме Владата да се справи со прислушуваните материјали на начин кој ја покажува посветеноста...

Опозицијата наголемо подготвува масовен протест во мај во Скопје

СДСМ почна со подготовките на митингот што според првичните информации, треба да се одржи на 9 мај. Нешто може да сменат само преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, кои се случуваат во Брисел. Неофицијално, од партијата велат дека ако митингот, во зависност од настаните, се одложи, најрано ќе се одржи на 16 мај. Тоа, пак, што е официјално, според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, е дека...

ГРОМ бара опозицијата да се врати во Собранието

„Падна големата лага на Зоран Заев и на Социјалдемократскиот сојуз со која ги држеше во уверување јавноста и своето членство дека има меѓународна поддршка за аферата „Пуч“. По изјаснувањето на европратеникот Иво Вајгл, повеќе од јасно е дека европските инстанци инсистираат на институционално решавање на политичката криза во Македонија“, рече на денешната прес-конференција Љупчо Пренџов, организациски секретар на Граѓанска опција...

Опозицијата поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник

Битолската опозиција денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник Владимир Талески. Лидерот на битолските социјалдемократи и пратеник, Васко Ковачевски, рече дека кривичната пријава ги содржи сите наводи кои стојат во разговорот од снимките, објавени од СДСМ, меѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. - Во своето признание, Ставрески го нарекува...

Невозможна мисија: И странци и Зврлевски во Обвинителството

„Првин оставка на Марко Зврлевски, па потоа меѓународни експерти“, е генералниот став и своевиден услов на опозициските партии, на чело со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), во врска со поканата што Јавното обвинителство ја доставило до органите на Европската унија (ЕУ) за испраќање меѓународни експерти кои би ја надгледувале работата на обвинителите во случаите „Пуч“ и „Прислушување“. - Ние по ова...

Мендух Тачи: СДСМ ќе биде во опозиција наредните 50 години

Аудиоснимката од разговор објавен од СДСМ, во кој се тврди дека јас сум контактирал со директорот на УБК, Сашо Мијалков, а потоа сум давал налог како да се гласа во Државната изборна комисија, е монтиран и конструиран, изјави претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата што денеска ја оствари со германската амбасадорка Кристине Алтхаузер. Според Тачи, опозицијата со објавувањето на...

Уапсени уште двајца осомничени за убиството на Борис Немцов

Руската полиција уапсила уште две лица осомничени за убиството на Борис Немцов. Двајцата се уапсени во Ингушетија, но се од Чеченија. Еден од нив е помал брат на Анзор Губашев, кој беше приведен заедно со Заур Дадајев. Дадајев и Губашев не се во базата на податоци за пронаоѓање од органите на редот и не се регистрирани за вршење какви и да е прекршувања...

Опозиционерите доставија нови снимки до обвинителството

Пет члена на високите раководства на опозициската коалиција денеска до Jавното обвинитество ги доставија материјалите од нивни прислушувани разговори, како што тврдат, по директива на власта, а како проширување на кривичната пријава за неовластено прислушување што СДСМ ја поднесе пред неколку недели. Професорот и кандидат за претседател на СДСМ на последните претседателски избори, Стево Пендаровски, изрази надеж дека доказите што...

За секоја криза има влада

Техничка, технократска, коалициска, концентрациона, привремена или преодна - за секоја криза има соодветна влада која е испробана во светот, а во мал дел и кај нас. Веднаш по предвремените парламентарни избори, кои се одржаа во април 2014 година, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, излезе со пет барања, меѓу кои и тоа за формирање техничка влада што би создала услови за нови...

СДСМ: Груевски е изолиран од меѓународните авторитети

„Никола Груевски е политички изолиран од меѓународните авторитети. Последната силна порака дојде од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој денеска ја откажа средбата со Груевски, закажана за четврток“, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција. - Нема да помогне криењето и срамната реакција на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој се обиде да излаже дека првата...

СДСМ: Зошто е воведено ново тело за дисциплинирање судии

Никола Груевски параноично се обидува да се штити од сите страни, велат од СДСМ. Еден од последните негови чекори, според партијата, е вчера донесениот закон со којшто е воведен неуставен орган „Совет за утврдување на факти и покренување постапка за одговорност на судии“. - Според Уставот на Република Македонија, единствено надлежен за избор и за разрешување на судиите е Судскиот совет....

Заев: Ќе го објавиме само криминалот

„Материјалот за прислушувањето го добивме во текот на изборите. Додека траеше изборниот процес ми беше најавено. И тогаш се запрепастив. Но, беа потребни четири-пет месеци да објавиме за да се разгледа. Не може веднаш да се објави. Тоа е една од причините - да седнам и јас да го сублимирам материјалот. Не можам на секој во партијата да го...

СДСМ: Груевски попушта под притисокот на аферата со прислушување

Требаше да пукне скандалот со прислушувањето и да се слушне разговорот меѓу Ставрески и Јанкулоска, за Никола Груевски да одлучи да решава работни статуси на граѓани што ги залажувала неговата власт, обвини денес Љупчо Николовски, член на Извршиниот одбор на СДСМ. Скандалот со прислушувањето барем го прекина поигрувањето на власта со 1.000 луѓе.  Во интерес на јавноста, укажуваме дека овие вработувања...

Заев: Прислушувани биле и функционери и опозиционери

Снимени разговори меѓу новинари со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, негови разговори со пријатели и со неговата ќерка, разговор меѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и министерот за финансии, Зоран Ставрески, разговори на Али Ахмети, Мендух Тачи, Љубчо Георгиевски, Руфи Османи, објави Заев на денешната прес-конференција. Заев рече дека овие разговори се само дел од она што следува. Тој...

ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство да открие од каде се снимките

Повторно го повикуваме Јавното обвинителство да открие од каде се снимките од премиерот Никола Груевски и од лидерот на опозцијата, Зоран Заев, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени посебни истражни мерки или не е, и за што станува збор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. - Зоран Заев сам призна дека соработувал со...

СДСМ вo петок ќе реши кога ќе ја објави „бомбата“

Во петок, во 18 часот, на Централен одбор, СДСМ ќе одлучи кога ќе се објави бомбата, одоговри денеска на новинарско прашања портпаролот на партијата, Петре Шилегов. Тој, на прес-конференција, кажа и дека забраната за која зборува Јавното обвинителство (ЈО) не се однесува на докaзите со кои располага СДСМ и кои ќе бидат објавени пред јавноста. Исто така, таа не се...

Горан Милевски, нов претседател на ЛДП

Горан Милевски од денеска ќе биде претседател на Либерално-демократската партија. Тој беше избран на шестото собрание на партијата, кое се одржа денеска. На состанокот се усвои нов статут, резолуции за поддршка на мали и на микробизниси, а се реизбра и генералниот секретар, Дуфе Кукоски. За политиката на владејачката партија и за политиката на премиерот Никола Груевски, Милевски смета дека тој продолжува да...

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...