Горан Милевски од денеска ќе биде претседател на Либерално-демократската партија. Тој беше избран на шестото собрание на партијата, кое се одржа денеска. На состанокот се усвои нов статут, резолуции за поддршка на мали и на микробизниси, а се реизбра и генералниот секретар, Дуфе Кукоски.
За политиката на владејачката партија и за политиката на премиерот Никола Груевски, Милевски смета дека тој продолжува да владее сè поавторитарно, со методи на заплашување и со апсење на политичките противници и неистомисленици.