среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: лидер | 44 резултати

Како Гетеборг помина низ „вратата на пеколот“ и стана европски еколошки лидер

февруари 29, 2020

Веќе трета година едноподруго, Гетеборг, вториот по големина шведски град, се прогласува за најодржлив во светот. Шведска е веќе глобален лидер во движењето на одржливиот туризам во светот, а Гетеборг е прогласен за европска престолнина на паметниот туризам за 2020 година, пишува српски „Блиц“, пренесувајќи го Би-Би-Си. Поранешниот пристанишен и индустриски град, не беше отсекогаш […]

Како парите од Орбановите пријатели преку Словенија влегоа во македонски проопозициски медиуми

февруари 11, 2020

Најмалку четири милиони евра што Унгарците ги платиле од август 2018 година за финансирање медиуми од „кругот на партијата СДС“ во Словенија и политичко-разузнавачките операции за поткопување на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, во Словенија влегле преку сметки и компании што луѓе од најтесниот круг околу унгарскиот премиер Виктор Орбан ги отвориле во Лондон, […]

Неинтелигентно и дискриминаторски: Како се мери IQ на некој народ?

јули 4, 2019

Српскиот портал „Курир“ неодамна објави вест под наслов „Ова истражување на Македоците нема да им се допадне – имаат најнизок коефициент на интелигенција во регионот“. Во веста се наведуваат бројки според кои граѓаните на Македонија имаат просечен IQ од 82 и дека се на исто ниво со Албанците од Албанија, а на пониско од Србите […]

Касами: Не постојат две движења Беса, на Конгресот секој може да се кандидира за лидер

јануари 9, 2018

Не постојат две движења Беса, има само едно кое работи согласно одлуките донесени на состанокот на Централниот совет во Тетово на 6 јануари годинава, изјави Билал Касами на прес-конференција. – Апелирам до сите, ако навистина се дел од движењето Беса, да дојдат и да ги претстават кандидатурите за лидер на партијата согласно определените рокови, да […]

Љубчо Георгиевски смета дека на Мицкоски треба да му се даде шанса

декември 24, 2017

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски на својот „Фејсбук“ профил го поддржа изборот на Христијан Мицкоски за нов лидер на партијата. Георгиевски кој е првиот претседател на партијата смета дека на Мицкоски треба да му се даде шанса. „Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со […]

Мицкоски: Мојот политички противник е СДСМ, а не поединци и помали групи во ВМРО-ДПМНЕ

декември 23, 2017

Македонија мора да оди напред, kорупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда мора да стане минато, изјави Христијан Мицкоски откако делегатите го избраа за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. -Сега е време да станеме заедно, ВМРО го очекува тоа од нас, а државата го бара тоа од нас. Потребен е нов елан и нова енергија. Ова што сега […]

Христијан Мицкоски е новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ

декември 23, 2017

Со 376 гласа „за“ Христијан Мицкоски е избран за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше единствениот кандидат кој делегатите може да го заокружат на гласачкото ливче. На вонредниот 16 конгрес на партијата кој се одржуваше во Валандово, од пријавените 438 делегати, за Мицкоски гласале 376, неважечки биле 52 ливчиња, а девет делегати воопшто не гласале. […]

Груевски: Мандатот го завршувам со нож во грб, на новиот лидер му порачувам да остане човек

декември 23, 2017

ВМРО-ДПМНЕ подготви закон за амнестија за настаните од 27 април и се надевам дека тој ќе биде изгласан во Собранието, затоа што е потребно национално помирување и простување, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вонредниот Конгрес на партијата во Валандово каде што се бира нов партиски лидер. – Само така земјата може да оди […]

Мицкоски ќе биде единствен кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот

декември 21, 2017

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде единствениот кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вонредниот конгрес на партијата што ќе се одржи утре и задутре во Валандово. Денеска пред истекот на рокот во 15 часот во ВМРО-ДПМНЕ пристигнале две кандидатури за лидер на партијата, но била прифатена само кандидатурата Мицкоски, бидејќи другата не била […]

Милошоски: Да не дозволиме новиот партиски лидер да биде марионета

декември 20, 2017

Да не дозволиме новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да биде марионета, изјави пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски пред почетокот на седницата на Извршниот комитет, вечерва во штабот на партијата. Тој додаде дека, барањата на членовите на партијата се добронамерни, со цел, како што рече, да не се дозволи, „новиот партиски лидер […]

Победете ги емоциите, им порача Груевски на кандидатите за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ

декември 18, 2017

По обвинувањата од Филип Петровски, дека во ВМРО-ДПМНЕ се води валкана кампања пред конгресот за избор на нов партиски претседател, Никола Груевски денеска на излегување од судот рече дека токму затоа го имал последното обраќање преку неговата официјална „Фејсбук“ страница. – Во овој момент има внатрепартиска кампања и има се и сешто, јас слушнав за […]

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

декември 8, 2017

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а својата одлука ја соопшти во вечерашната емисија „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“. – Ова е една од најсериозните одлуки во мојот живот. Долго време размислував, имав разговори со многу значајни луѓе во мојот живот, почнувајќи од семејството, угледни интелектуалци и членови на партијата, луѓе […]

Пучдемон и министрите се предале на белгиската полиција

ноември 5, 2017

Според медиумите во Белгија, сменетиот претседател на каталонската влада, Карлес Пучдемон, ѝ се предал на полицијата. Освен Пучдемон, уапсени се и четворицата министри со кои тој пребега во Белгија, откако шпанските власти наредија апсење на неговиот кабинет. Обвинителството во Брисел за денеска најави дополнителни информации за ектрадицијата на Пучдемон и на министрите во Шпанија. По […]

Кина е на добар пат да биде најмоќната држава во светот, оцени Џинпинг

октомври 28, 2017

Претседателот на Кина, Кси Џинпинг, кој беше реизбран за лидер на Комунистичката партија на Кина, најави дека следува ера во која државата ќе се доближи до лидерската позиција како најмоќна држава во светот. Тој рече дека ќе продолжи да гради напредно општетсво, иако во меѓувреме, државата станала богата и моќна. Според аналитичарите, откога Џинпинг е на претседателското место од […]

Зијадин Села излезе од болница

мај 6, 2017

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, денеска беше пуштен од Клиничкиот центар во Тетово, каде што се лекуваше по повредите добиени при инцидентите во Собранието на 27 април. Села беше најтешко повреден, кога демонстранти упаднаа во законодавниот дом и ги нападнаа пратениците од парламентарното мнозинство. Пред два дена, на Села во болница му беше на […]

Бушати до Груевски: Албанците не се сезонски работници во своите домови

февруари 28, 2017

„Албанците не се сезонски работници во своите домови. На нивните барања треба да се одговори навреме. Нема да престанеме да укажуваме на потребата од развој на Албанците, каде и да живеат, во однос на она што им припаѓа ним, за повеќе достоинство, еднаквост и за вклучување во планот за развој“, изјавил министерот за надворешни работи […]

Меркел реизбрана за лидер на Христијанско-демократската унија

декември 6, 2016

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно е избрана за лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ). На конгресот кој се одржал во Есен, Меркел добила 89,5 проценти од гласовите на делегатите, односно за неа гласале 845 од 949 присутни делегати. Мандатот на Меркел ќе трае две години, а демохристијаните таа ќе ги предводи и на парламентарните избори во […]

Стоте дена оставка на експремиерот Груевски станаа цела година

декември 2, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е во оставка од премиерската функција веќе 322 денови, наместо 100 дена како што е предвидено со Договорот од Пржино. Груевски во мај минатата година, во интервју за телевизија „Сител“, беше категоричен дека нема ниту да поднесе оставка ниту да прифати формирање на преодна влада бидејќи, како што рече, тоа […]

Турција издаде налог за апсење на лидер на курдска партија

ноември 22, 2016

Турција денеска издаде налог за апсење на лидерот на политичката партија на сириските Курди поради бомбашкиот напад во Анкара во февруари годинава. Се работи за лидерот на курдската Партија на демократското единство, Салих Муслим, како и за уште неколку пребегнати членови на забранетата курдистанска работничка партија.

Тереза Меј и Андреа Лидсам, единствени кандидатки за премиер на Велика Британија

јули 7, 2016

Велика Британија повторно ќе има жена премиер, првпат по Маргарет Тачер, откако во трката за нов лидер на Конзервативната партија останаа две жени, министерката за внатрешни работи, Тереза Меј, и министерката за енергетика, Андреа Лидсам, јавуваат британските медиуми. На денешното гласање, Меј добила 199, а Лидсам 84 гласови, додека од трката, со 46 освоени гласови, […]

Страна 1 од 2