fbpx
Таг: опозиција

таг: опозиција

Груевски: Време е опозицијата да си ја заработи платата

Доста беше, време е опозицијата да си ја заработи платата, изјави премиерот Никола Груевски по повод денешното враќање на опозицијата во Собранието. - Доста беше, 15 месеци земаа плата. Во Македонија нема човек што може такво нешто да добие. Доста беше. Време е тие да почнат да си ја заработуваат платата – рече Груевски. Одговарајќи на новинарско прашање, како ќе постапи ако Заев...

ЛП: Според Владата, странските инвеститори се нивни, домашните се опозициски

„Претседателот на Владата покажува партиска опседнатост и во економијата, со што ги дели бизнисите по партиска основа и тоа: странските се нивни, а домашните се на опозицијата“, стои во соопштението на Либералната партија, со кое од партијата реагираат на последните изјави на премиерот Никола Груевски, со кои „тој уверува дека домашните и странските инвеститори имаат еднаков третман“. „Либералната партија ги оценува...

Избори во Турција на 1 ноември

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска ги повика опозициските партии да се приклучат на привремената влада која треба да ги организира наредните избори, но две од три опозициски партии во парламентот одбија да учествуваат во владата. Изборите во Турција ќе се орджат на 1 ноември, потврди претседателот на Високата изборна комисија, Сади Ѓувен.

Сугарески координатор на пратеничка група, Дескоска потпреседателка на Собранието?

Петре Шилегов портпаролот на СДСМ да биде претседател на Анкетната комисија за прислушување, а Рената Дескоска потпретседателка на Собраниетo. Ова се дел од предлозите кои наводно ги договорил лидерот Зоран Заев на средбата со пратениците во Берово. На средбата опозицијата потврди и дека се враќа во Собрание на 1 септември. Исто така, неофицијално се дознава дека Горан Сугарески е предложен за координатор...

СДСМ: Нема да дозволиме да не се почитува Договорот од Пржино

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Берово, се сретна со пратениците од неговата партија и од коалицијата, пишува во соопштението на опозицијата. Како што велат од СДСМ, пратениците се договориле дека пратеничката група на опозицијата и коалиционите партнери на 1 септември ќе се врати во Собранието, каде организирано, сериозно и посветено ќе продолжи да ги застапува интересите на граѓаните. „СДСМ...

„Ленка“: Можни се предизборни манипулации и од власта и од опозицијата

Движењето за социјална правда „Ленка“ денеска преку соопштение, објавено на нивната интернет-страница, упатува апел и предупредување до јавноста за „можноста од предизборни манипулативни и популистички потфати како на власта, така и на опозицијата“. Според „Ленка“, најголем проблем за најавените предвремени парламентарни избори, закажани за 24 април следната година, е изборниот модел, според кој, државата е поделена на шест изборни единици. „Овој модел...

Груевски: Креираната политичка криза имаше влијание врз економијата

„Свое влијание врз економијата имаше креираната политичка криза во изминатите месеци, а ние се трудевме со сите сили тоа влијание да биде колку што е можно помало. Сепак, неизбежно беше да има свое влијание“, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на прашање на пратеникот Влатко Ѓорчев. – Некои од инвеститорите ги одложија своите одлуки, па дури откако завршија одредени делови,...

Заев: Активностите на опозицијата ќе се интензивираат наесен

„Ќе дејствуваме летово со сите демократски средства, ќе објавуваме нови материјали од проектот „Вистината за Македонија“, а со доаѓањето на есента очекуваме сето тоа целосно да се интензивира“, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, објави „Капитал“. Ова било одговор на прашањето како ќе дејствува СДСМ понатаму, откако вчера лидерот на партијата објави дека преговорите со Груевски се неуспешни, а од Европската комисија...

Претседателот на ГРЕКО за „бомбите“: Конечната одлука треба да ja донесе независен суд

Судовите самите треба да ја испитаат и да се справат со содржината од опозициските „бомби“, особено со тие што се однесуваат на назначувањето судии, изјавил претседателот на европската организација за борба против корупцијата ГРЕКО и судија во Врховниот суд на Хрватска, Марин Мрчела, кој учествува на меѓународна конференција на тема „Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, што се одржува...

Коѕиас утре во Скопје на средби со целиот државен врв и со опозицијата

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, утре доаѓа во Скопје. Коѕиас ќе допатува во Скопје од Брисел, каде вчера и денеска учествува на Советот за општи и надворешни работи на ЕУ, на кој се разговара и за Македонија. Коѕиас ќе се сретне со целиот државен врв, но и со опозицијата, а главни теми се очекува да бидат мерките за градење...

Опозицијата треба да формира влада во Турција

Опозициските партии во Турција се должни да формираат влада бидејќи тие заедно добија најголем број гласови на парламентарните избори на 7 јуни, изјави лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија, Кемал Килиџароглу. Според него, „неприфатливо“ е што претседателот Реџеп Таип Ердоган е главен политички фактор во коалициските разговори. Килиџароглу истакна дека Ердоган мора да остане во рамките на границите на шеф...

Денеска и ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата ќе коваат стратегии за политичката битка

Денеска попладне и владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата ќе одржат состаноци на највисоките партиски тела, на кои ќе договараат стратегија за активностите во наредниот период, а по неуспехот на преговорите во Брисел за постигнување договор за излез од политичката криза. За вечерва во 19.30 часот е закажан состанок на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој, според најавите, ќе се дискутира за...

За битолскиот градоначалник, истрагата на Обвинителството е негова лична работа

Битолскиот градоначалник Владимир Талески смета дека истрагата што Обвинителството ја отвори против него е негова лична работа. Тој денеска повторно беше јавно прашан од опозициските советници во битолскиот Совет зошто се води истрага против него и кои сè документи се одземени од Општината во интерес на истрагата. На тоа, Талески ѝ забележа на опозицијата дека најголемиот дел од нивните прашања се однесуваат...

Заев се сретна со Мартин Безак, амбасадорот на Словачка

Зоран Заев, придружуван од Виктор Габер, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак. Шансите за можно отворање преговарачки процес за решавање на длабоката политичка криза во Македонија била една од темите за кои дискутирале на средбата. Како што пишува во соопштението на СДСМ, Заев ја објаснил принципиелната позиција на опозицијата дека преодна влада, односно модалитети на влада, што...

Опозицијата, граѓани и активисти повторно маршираа и бараа оставки од власта

Претставници на најголемата опозициска партија СДСМ, граѓани, активисти и луѓе од кампот поставен пред зградата на Владата, вечерва со получасовен протест и со марш го искажаа својот револт од политиките на актуелната власт и побараа нејзина оставка, јавува „Нова ТВ“. - Сакаме со овој протест да ги потсетиме премиерот и министрите дека надвор им се случува огромен револт - изјави...

Штипската опозиција повторно не е во управата на ЈП „Исар“

Неколкумесечната пресметка меѓу штипската опозиција и власта околу управните тела на најголемото општинско јавно претпријатие „Исар“, заврши со избор на старо-нов управен и надзорен одбор. СДСМ двапати на прес-конференција укажуваше дека веќе година и пол двете тела работат со изминат мандат, поради што поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата и до Државниот завод за ревизија. Сепак, и...

Стејт департмент: Опозицијата да се врати во Собрание

Охрабрени сме од чекорите на Владата да ги смени клучните министри и функционери и ја повикуваме опозициската партија да се врати во Собранието, изјави Џеф Ратке, портпарол на американскиот Стејт департмент, на прашање за состојбата во Македонија. Ратке потсети дека САД и европските држави упатиле повици до двете политички страни во Македонија. - Одблиску ги следиме настаните во Македонија и...

Сообраќајот во Скопје, заложник на митинзите

Центарот на Скопје од рано утрово е под посебен сообраќаен режим, диктиран од митиншката атмосфера што овие два дена и опозицијата и власта ја ставија во погон. За сообраќај целосно се затворени булеварот Илинден, пред Владата, каде се стационирани камповите на опозицијата, а од утрово движење на возила нема ниту по делови од булеварите Димитрие Чуповски и 11 Октомври, на...

Три партии се приклучија на опозицискиот блок

Денеска на здружената опозиција ѝ се приклучија уште три партии, Нова алтернатива на Ѓорѓи Оровчанец, Обединети пензионери и граѓани на Македонија на Илија Николовски и Партија на економски промени 21. Сите ја потпишаа Декларацијата на граѓани на Македонија и ќе присуствуваат на протестот в недела. Ова го изјави Горан Милевски, претседателот на ЛДП, по средбата на лидерите на здружената опозиција. Целосна...

Собранието ќе формира анкетна комисија за прислушувањето

Да се формира анкетна комисија за утврдување на аспектите и на наводите поврзани со случајот со прислушувани разговори, договорија партиите во Собранието на Република Македонија. Оваа комисија, според најавите, би профункционирала кога пратениците од опозицијата ќе се вратат во Собранието и со неа би претседавал опозициски пратеник, соопшти претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. „На денешната координативна средба на претседателот на Собранието...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...