fbpx

Сугарески координатор на пратеничка група, Дескоска потпреседателка на Собранието?

-

Петре Шилегов портпаролот на СДСМ да биде претседател на Анкетната комисија за прислушување, а Рената Дескоска потпретседателка на Собраниетo.

Ова се дел од предлозите кои наводно ги договорил лидерот Зоран Заев на средбата со пратениците во Берово. На средбата опозицијата потврди и дека се враќа во Собрание на 1 септември.

Исто така, неофицијално се дознава дека Горан Сугарески е предложен за координатор на пратеничката група на опозицијата, а  Хари Локвенец за контрола на УБК и Агенцијата за разузнавање.

Горан Мисовски од НСДП е предлог за Комисијата за надзор на спроведување на следењето на комуникациите, Марјанчо Николовски за Комисијата за финансии, Панче Орцев за Комисијата за земјоделство и Јагода Шахпаска е решение за Комисијата за здравство.

Опозициските пратеници во соработка со фондацијата „Фридрих Еберт“ и со американскиот Национален институт за демократија, разговараа за начините и моделите како опозицијата би функционирала во Парламентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...