fbpx

Работни групи: Се доближија за избирачкиот список, се одалечија за дијаспората

-

Заврши средбата на работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, во Клубот на пратеници во обид да најдат решение за спорните точки поврзани со предвремените парламентарни избори закажани за април 2016 година.

Дознаваме дека сепак е постигнат мал напредок околу активната регистрација на гласачите, со задолжително пријавување. ВМРО-ДПМНЕ, велат нашите извори, се согласила на активна регистрација на гласачите, но се уште не се изјаснуваат дали таа да биде задолжителна или не. ДПА останува на својот предлог, пријавувањето на гласачите во избирачкиот список да биде комбинирано. Тоа значи, тврдат нашите извори, во рок од четири месеци, два месеци да се прави теренски попис на полнолетните граѓани, од врата на врата, а два месеци да биде оставен простор за задолжителна регистрација.

Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ според кој тие ќе се бираат по формулата 3+3+3, односно тројца членови да бидат на предлог на власта, тројца од опозицијата и на нив да им се приклучат тројца експерти кои ќе бидат бирани со двотретинско мнозинство во Собранието.

Политичките партии се уште се далку од договор за гласањето на дијаспората.

Прашањето за дијаспората досега не е мрднато од мртва точка и партиите стојат цврсто на своите ставови. ВМРО-ДПМНЕ е за да остане досегашниот принцип на гласање на дијаспората во три изборни единици, а СДСМ е дијаспората да гласа, но важноста на гласот на иселениците да биде ист со оној на гласачите кои живеат во Македонија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...