fbpx

УНИЦЕФ: Децата-мигранти мора да добијат посебна грижа и внимание

-

„УНИЦЕФ формираше простор прилагоден за деца опслужуван од мобилна екипа во близина на Гевгелија, кај границата со Грција, со цел да понуди помош и поддршка за жените и децата што мигрираат низ  Македонија“,  информираат од УНИЦЕФ.

„Просторот прилагоден за деца е формиран во рамките на објектите поставени од страна на УНХЦР за привремен одмор на мигрантите. Мобилна екипа од локалната невладина организација „ЛаСтрада“ помага во спојување на децата со нивните семејства. Обезбедени се и комплети за играње, учење и цртање, а просторот има капацитет да опслужува околу 50 деца истовремено“, пишува во соопштението на УНИЦЕФ.

УНИЦЕФ апелира до надлежните да ги признаат и третираат сите деца-мигранти, без оглед на нивниот правен статус, вера или припадност, првенствено и пред сé како деца со сопствени права, како што е предвидено во Конвенцијата на ОН за правата на детето.

„Овие деца мора да добијат посебна грижа и внимание, како и недискриминирачка и постојана заштита. УНИЦЕФ продолжува да ја следи состојбата на терен и соработува со надлежните органи со цел да обезбеди заштита за децата“,  наведено е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата го уапси убиецот од Хром чија мајка запали стан за да го прикрие

Денеска во 14.20 часот на пидрачјето на населба Влае, во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода А.Д.(39)...