fbpx

„Ленка“: Можни се предизборни манипулации и од власта и од опозицијата

-

Движењето за социјална правда „Ленка“ денеска преку соопштение, објавено на нивната интернет-страница, упатува апел и предупредување до јавноста за „можноста од предизборни манипулативни и популистички потфати како на власта, така и на опозицијата“.

Според „Ленка“, најголем проблем за најавените предвремени парламентарни избори, закажани за 24 април следната година, е изборниот модел, според кој, државата е поделена на шест изборни единици.

„Овој модел ја попречува појавата и освојувањето пратенички места на помалите партии и воопшто не ја одразува вистинската волја на граѓаните во однос на нивното претставништво во народното собрание. Затоа Движењето за социјална правда „Ленка“ бара итно воведување нов изборен модел и прогласување на целата територија на РМ за една изборна единица, каде што распределбата на мандатите за пратеници во Собранието ќе биде соодветна на процентот на освоените гласови од гласачите. Кандидатските листи да бидат отворени и да се воведе императивен (лимитиран/отповиклив) пратенички мандат за народните претставници“, стои во соопштението на „Ленка“, од каде сметаат дека „ваквите промени на изборното законодавство ќе овозможат да се спречи етнизацијата на политиката, на која последниве години играа сите политички партии, а која е главен извор на политичките и безбедносни кризи на општеството во целина“.

Идентични барања вчера испорачаа и од левичарското движење „Солидарност“, од каде исто така ја истакнаа неопходноста од промена на изборниот модел.

Инаку од „Ленка“ во денешното соопштение го коментираат и укинувањето на законот за хонорарците, како и информациите за наводен трет албански универзитет во Скопје.

Во врска со укинувањето на законот за хонорарците, од „Ленка“ нагласуваат дека „сè уште постои класниот проблем на прекаријатот, како неосигурани работници и високите неоданочени хонорари на менаџерите.“

„Што се однесува, пак, до идејата за трет албански универзитет во Скопје, сметаме дека таа е чисто популистички акт на владејачката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ), која по којзнае кој пат на албанското работништво сака да му ги разбуди етничките страсти, а да ја занемери неговата исклучително лоша класна состојба. На Скопје и на Македонија им требаат добри, квалитетни и пристапни т.е. бесплатни универзитети и образовни институции, а не културни установи од типот на албански или македонски“, се вели во соопштението на „Ленка“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...