fbpx

Претседателот на ГРЕКО за „бомбите“: Конечната одлука треба да ja донесе независен суд

-

Судовите самите треба да ја испитаат и да се справат со содржината од опозициските „бомби“, особено со тие што се однесуваат на назначувањето судии, изјавил претседателот на европската организација за борба против корупцијата ГРЕКО и судија во Врховниот суд на Хрватска, Марин Мрчела, кој учествува на меѓународна конференција на тема „Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, што се одржува во Охрид, пренесува „Алсат-М“.

Според Мрчела, конечната одлука за „бомбите“ треба да ја донесе независен и непристрасен суд.

„Треба да се види дали станува збор за политички мотивиран процес или навистина постои нешто во практика. Затоа судовите и обвинителите треба да ја завршат својата работа и секое коментирање од страна на политичарите за сите процеси кои се во тек би било непримерно. Сето ова треба да се истражи, да се види дали нешто има и ако има, да се процесуира и потоа независен и непристрасен суд треба да донесе одлука која сите треба да ја почитуваат“ рекол Мрчела.

На конференцијата во Охрид учествува и републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој, како што пренесува „Алсат-М“, одбил да даде изјава за медиумите и покрај интересот околу тоа дали обвинителството ги разгледува кривичните пријави поднесени од опозицијата во врска со материјалите од „бомбите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...