fbpx

Претпладне сончево, попладне – дожд и грмежи

-

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топлo. Во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 Целзиусови степени, а дневната од 33 до 39 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претпладне сончево и многу топло.

Попладне ќе настапи преодно зголемување на облачноста, со локален пороен дожд, грмежи и со засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...