fbpx

Стејт департмент: Опозицијата да се врати во Собрание

-

Охрабрени сме од чекорите на Владата да ги смени клучните министри и функционери и ја повикуваме опозициската партија да се врати во Собранието, изјави Џеф Ратке, портпарол на американскиот Стејт департмент, на прашање за состојбата во Македонија. Ратке потсети дека САД и европските држави упатиле повици до двете политички страни во Македонија.

– Одблиску ги следиме настаните во Македонија и заедно со нашите европски партнери сме во тесни консултации со македонската Влада и со политичките лидери, да ја пренесеме нашата загриженост за актуелната политичка криза. Ги повикуваме двете страни да го почитуваат правото на мирно собирање и протестирање, при што ќе се воздржат од насилство. Ги повикавме властите да направат чекор кон одговарање на обвинувањата за нерегуларности кои излегуваат од неодамна објавените материјали. Македонските лидери мора да работат заедно и да почнат дијалог за прашањата што ја спротиставија земјата, меѓу другото и за неопходните реформи и за актуелната политичка криза – изјави Ратке.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...