fbpx

Груевски: Креираната политичка криза имаше влијание врз економијата

-

„Свое влијание врз економијата имаше креираната политичка криза во изминатите месеци, а ние се трудевме со сите сили тоа влијание да биде колку што е можно помало. Сепак, неизбежно беше да има свое влијание“, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на прашање на пратеникот Влатко Ѓорчев.

– Некои од инвеститорите ги одложија своите одлуки, па дури откако завршија одредени делови, некаде во јуни – јули, околу разговорите за надминување на кризата, дури тогаш почнаа да ме информираат дека донеле одлуки за инвестирање во Македонија. Некои од нив сè уште ги немаат донесено и работиме со нив, но некои веќе ги донесоа и ги објавија одлуките во јуни и во јули. Но, тоа можеше да биде во март, во февруари и ќе беше, но поради состојбите, одлучија да почекаат, да видат што ќе се случи. Точно е и тоа дека безмалку сите патувачки шоуа во првата половина од годината ги одложивме, од причина што моравме да бидеме фокусирани на домашната криза креирана од опозицијата и да се трудиме колку што е можно побргу таа да биде надмината – рече Груевски.

И покрај кризата, американската компанија „Леар“, рече тој, веќе објави дека во полошкиот регион, најпрвин со браунфилд-инвестиција во Гостивар, а потоа и со гринфилд-инвестиција во Тетово, ќе вработи до 3.000 луѓе.

– Тоа е многу сериозно, особено зашто оваа бројка се однесува на директни вработувања, а дополнителни се индиректните вработувања – изјави Груевски и додаде дека тоа е една најголемите компании што влегува во Македонија според бројот на вработени.

Премиерот ги посочи и „Кондело“ од Италија, „ОДВ Електрик“ во зоната Струга – Охрид, градењето нов капацитет во Пробиштип…

– Во фаза на договарање сме со уште неколку значајни компании. Во наредните неколку месеци очекуваме да ги објават своите одлуки. Некои од нив веќе градат. Тие не се само одлична можност за вработување, туку и одлична можност за соработка на домашните компании со нив, кои би можеле да станат нивни набавувачи – рече Груевски.

Тој смета дека хајката на опозицијата против странските инвестиции е „крик на немоќ“.

– Зошто кога тие го имаа мнозинството од граѓаните зад себе немаше ниту една гринфилд-инвестиција во Македонија, а сега ги има во поголем број – рече премиерот Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...