fbpx

Заев: Активностите на опозицијата ќе се интензивираат наесен

-

„Ќе дејствуваме летово со сите демократски средства, ќе објавуваме нови материјали од проектот „Вистината за Македонија“, а со доаѓањето на есента очекуваме сето тоа целосно да се интензивира“, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, објави „Капитал“.

Ова било одговор на прашањето како ќе дејствува СДСМ понатаму, откако вчера лидерот на партијата објави дека преговорите со Груевски се неуспешни, а од Европската комисија преку изјава на Маја Коцијанчич итно повикаа партиите да пронајдат компромис во интерес на земјата и на граѓаните.

Очекувањата на Заев од посетата на американската помошничка на државиот секретар за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, на 13 месецов, се „умерени“.

„Меѓународната заедница е пријателски настроена кон нас. Секој добар предлог ќе биде добредојден. Ако има добар предлог, секако дека ќе биде земен предвид“, вели Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...