fbpx

Дали Заев ќе оди во притвор, ќе се знае откако судијата ќе се врати од одмор

-

Судија на претходна постапка од скопскиот Кривичен суд, ќе одлучи каква мерка ќе му определи на лидерот на опозцијата, Зоран Заев, откако ќе се врати од годишен одмор, соопштија од Основниот суд Скопје.

„Ова известување е доставено до надлежниот судија на претходна постапка при овој суд, кој ја издал мерката за претпазливост, за кој инмформираме дека во моментов користи денови на редовен, планиран годишен одмор, а по неговото враќање, соодветно ќе постапува по ова известување“, стои во соопштението, објавено на интернет-страницата на Основниот суд Скопје 1.

Тој го добил известувањето од колегата од судот во Струмица дека Заев, кој е осомничен во случаите „Пуч“ и „Поткуп“, не се јавил во судот во понеделникот, според мерката за претпазливост што му беше одредена.

„Постапувајќи по решение на овој суд, за јавување на обвинетиот Зоран Заев пред судија на претходна постапка, при Основниот суд во Струмица како мерка за претпазливост, судијата од судот во Струмица го извести надлежниот судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 дека истиот на 6 јули 2015 година не се јавил во судот во Струмица во предвидениот термин. Воедно, судијата на претходна постапка при Основниот суд во Струмица го извести Основниот суд Скопје 1 дека на 6 јули 2015 година во 9.25 часот бил, исто така, известен од секретарот на Општина Струмица, дека Зоран Заев тој ден нема да се јави во судот. Исто така, секретарот на Општина Струмица не дал никакво оправдување ниту образложение за неговото отсуство и истото е наведено во известувањето кое го добивме“, соопштуваат од скопскиот Кривичен суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...