fbpx

Опозицијата треба да формира влада во Турција

-

Опозициските партии во Турција се должни да формираат влада бидејќи тие заедно добија најголем број гласови на парламентарните избори на 7 јуни, изјави лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија, Кемал Килиџароглу.

Според него, „неприфатливо“ е што претседателот Реџеп Таип Ердоган е главен политички фактор во коалициските разговори.

Килиџароглу истакна дека Ердоган мора да остане во рамките на границите на шеф на државата, кои се утврдени со Уставот.

Претходно Ердоган рече дека предвремените избори ќе бидат неизбежни ако владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозицијата не успеајат да формираат нова влада во рамки на уставниот рок од 45 дена.

Прокурдската Народна демократска партија во Турција (ХДП), која првпат влегува во парламентот, рече дека е отворена за сите опции за формирање коалициска влада, освен со владејачката АКП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...