fbpx

За европските либерал-демократи, кризата и масовните протести во Македонија се алармантни

-

Лидерот на европските либерал-демократи во Европскиот парламент и поранешен белгиски премиер, Ги Верхофстад, изрази загриженост утрово за сè поголемите тензии во Македонија. Тој смета дека „продлабочувањето на политичката криза и масовните демонстрации се алармантни“.

Верхофстад им изрази поддршка на тројцата европратеници кои посредуваат помеѓу власта и опозицијата во Европскиот парламент.

– Сега времето е најбитно. Политичките лидери во земјата треба да почнат конструктивен дијалог, да ја вратат правната држава и довербата во институциите – вели Верхофстад и додава дека е потребна независна истрага по скандалот со прислушувањето.

Неговиот сопартиец и посредник во преговорите во Брисел, Иво Вајгл, оцени дека политичката криза е опасна за стабилноста на земјата и на регионот. Тој повика политичарите да ги стават интересите на државата пред интересите на партијата.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...