fbpx

Амбасадорите ја охрабрија опозицијата да се врати во Собранието за да се излезе од ќор-сокакот

-

Опозицијата да се врати во Собранието затоа што тоа е местото за надминување на политичката криза во земјата, побараа амбасадорите на Германија, Италија, Франција, САД, Велика Британија и на ЕУ на денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Го поздравуваме учеството на Заев на состанокот на Националнот совет за безбедност. Јасно му дадовме на знаење дека и од опозицијата очекуваме одговорно однесување. Ја разбираме резервираноста која постои и потребата од опозицијата да биде будна до ниво на кое ќе игра важна улога на супервизор. Но, Собранието е клучна институција во која опозицијата може да земе учество на истражувачки начин. Затоа ја охрабруваме да се врати во Собранието и да помогне за излегување на политичкиот ќор-сокак – изјави германската амбасадорка Кристине Алтхаузер од името на сите амбасадори, по средбата со Заев.

Амбасадорката додаде и дека тие го поддржуваат правото на мирен протест.

Паралелно соопштение за средбата испратија и од СДСМ. Во соопштението на опозицијата пишува дека на средбата била изразена загриженост за капацитетите на институциите на системот за справување со актуелните предизвици, а биле нагласени и потребата од враќање на слободата на говор и на независноста на правосудниот систем.

– Враќање на демократските институции во Македонија е можно само со заминување на Никола Груевски и на групата околу него, со што ќе се создадат услови опозицијата да може институционално да работи и да дејствува. Клучната порака на мирниот натпартиски граѓански протест на 17 мај ќе биде оставка од Груевски за враќање на политичката, безбедносната стабилност на Македонија и на нејзините перспективи – рекол Заев.

Како што пишува во соопштението, дипломатите ги поздравиле заложбите на СДСМ за мирен граѓански протест, како и чекорите на претседателот Заев и на партијата, во насока на меѓуетнички соживот, инклузивност, стабилност и безбедност во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...