fbpx

Битола, Прилеп и Охрид порачаа дека се заедно со тие што нè чуваат

-

Неколку илјади битолчани се собрани на Широк сокак пред Офицерскиот дом со македонски знамиња, но и со знамињата од Кутлеш за да дадат поддршка на полицијата.

Во Битола на чело собирот е преспанско-пелагонискиот владика г. Петар, во придружба со неколку свештеници и на градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

– Ќе направиме еден марш низ најубавата улица на Балканот за да дадеме поддршка на специјалците, затоа што тие многу храбро и несебично го чуваат нашиот народ. Ова што Битола денеска го покажува е дека најважна од сè ни е Македонија. Целиот народ е на нозе и овој настан се одржува по иницијатива на граѓаните – изјави градоначалникот Талески.

Владиката Петар рече дека одбраната на татковината е света работа и дека секој граѓанин има должност да им оддаде внимание и почит на луѓето што се подготвени да го дадат животот за татковината.

– Ова што го правиме е само добар чин за да покажеме дека сме заедно со нив – рече тој.

На крајот на собирот, македонското знаме пред споменикот на бранителите му беше предадено на учесник во конфликтот во 2001 година.

Со пешачење од споменикот „Карпалак“ до споменикот „Прилепски бранители“, и прилепчани попладнево се вклучија во мирниот марш со кој ќе ја дадат поддршката на безбедносните сили на Македонија.

На повикот на организаторите се одзваа граѓаните кои сметаат дека треба да им се изрази благодарност, но и почит на тие што 24 часа ја бранат нашата Македонија.

Во Охрид, на градскиот плоштад, се одржа собирот за поддршка на македонската полиција свикан за граѓаните да се заблагодарат за патриотизмот и за професионалноста на полицијата во одбраната на државата.

Како организатор на собирот се јави ГДОМ, но имаше повикување и преку фејсбук-страната „Поддршка за македонските безбедносни сили“.

На собирот имаше голем број присутни. Беше видливо присуството на членови од владеачкјата ВМРО-ДПМНЕ. Присутен беше и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, советници од оваа партија и други партиски активисти.

Полицијата, со видливо присуство, внимателно го обезбедуваше собирот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...