Требаше да пукне скандалот со прислушувањето и да се слушне разговорот меѓу Ставрески и Јанкулоска, за Никола Груевски да одлучи да решава работни статуси на граѓани што ги залажувала неговата власт, обвини денес Љупчо Николовски, член на Извршиниот одбор на СДСМ.

Скандалот со прислушувањето барем го прекина поигрувањето на власта со 1.000 луѓе.  Во интерес на јавноста, укажуваме дека овие вработувања ќе се реализираат без конкурс затоа што се однесуваат на веќе ангажирани лица од оваа власт со разни договори на дело или волонтери. Овој потег на Никола Груевски е класична корупција. Зошто не се трансформира веднаш работниот однос на сите категории лица ангажирани врз разни основи, туку се најавуваат етапи? Најавените етапи оставаат впечаток дека се држат на „стенд бај“ тие што уценети гласаат за ВМРО-ДПМНЕ – изјави Николовски.

Според СДСМ, Никола Груевски под притисок на најавените докази за начинот на неговото незаконско и криминално владеење, ги замрзна казните за екстерното на наставниците, го одложи екстерното на студентите, се премисли за касапењето на хонорарите, а сега ќе превработува на грбот на граѓаните.