fbpx

Опозиционерите доставија нови снимки до обвинителството

-

Пет члена на високите раководства на опозициската коалиција денеска до Jавното обвинитество ги доставија материјалите од нивни прислушувани разговори, како што тврдат, по директива на власта, а како проширување на кривичната пријава за неовластено прислушување што СДСМ ја поднесе пред неколку недели.

Професорот и кандидат за претседател на СДСМ на последните претседателски избори, Стево Пендаровски, изрази надеж дека доказите што покрај него ги доставија и претседателот на НСДП, Тито Петковски, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, градоначалникот на Општина Центар и доскорешен претседател на ЛДП, Андреј Жерновски, и секретарот на СДСМ, Оливер Спасовски, нема да ја доживеат судбината на претходно поднесената кривична пријава, за кој досега „нема абер што се случува со неа“.

– Бидејќи сме сите легалисти, сакаме да веруваме дека институциите во Република Македонија конечно ќе се одважат и и ќе постапат по кривичната пријава за едно масовно злосторство против човековоте слободи и права, за прислушување на илјадиници и илјадници граѓани на оваа земја, без каква било причина. Немаме верба во луѓето кои актуелно ја водат оваа институција (обвинителството н.з.), меѓутоа веруваме дека сите останати, меѓу кои има професионални, стручни кадри, доблесни луѓе, овојпат нема да одмолчат и, во интерес на нашата заедничка подобра иднина, ќе постапат по пријавата – изјави Пендаровски.

Според Пендаровски, нелегалното прислушување било злоупотребено од власта за политички цели.

– Целта заради која нè прислушуваа е да ги знаат нашите политички стратегии и намери. Инаку знаете кога се прислушува? Кога има основи за сомневање дека ние сме криминалци или сме во некоја криминална организација. Како што знаете, никој од нас досега не се занимавал со трговија со дрога или со оружје, ниту бил дел од некоја мафијашка организација. Нема основа зошто да ме прислушуваат мене или колегите. Единствена била политичката мотивација – да добијат некаква предност за изборите, пред и по нив – рече Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Костал Македонија“ ќе вложи 50 милиони евра во фабрика за полначи на електрични возила

„Костал Македонија“ ќе инвестира нови 50 милиони евра во изградба на фабрика за производство на полначи за електрични и хибридни возила во периодот од јули 2023 до декември 2026...
Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
free download udemy course
download redmi firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free