fbpx

Заев: Ќе го објавиме само криминалот

-

„Материјалот за прислушувањето го добивме во текот на изборите. Додека траеше изборниот процес ми беше најавено. И тогаш се запрепастив. Но, беа потребни четири-пет месеци да објавиме за да се разгледа. Не може веднаш да се објави. Тоа е една од причините – да седнам и јас да го сублимирам материјалот. Не можам на секој во партијата да го поделам материјалот“.

Тоа, меѓу другото, вечерва во интервју за телевизијата „24 Вести“ го кажа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пренесе „Плусинфо“.

Тој вели дека нема целиот материјал што го добила партијата да биде објавен, оти некои работи не се поврзани со криминал, а се лични.

– Нема да се објавува сè, туку само оној дел што е поврзан со криминал. Некои луѓе за себе ќе ги добијат папките, кои нема да бидат објавени, а потоа, на крајот, јавно ќе го уништиме целиот материјал. Нашата цел не е да изигруваме воајери, туку да се вратат слободата и демократијата во Македонија. Монструозна работа е направена од тајната полиција во Македонија – рече Заев.

Тој вели дека некои разговори што беа емитувани биле само за да се покаже обемот на прислушувањето и потврдува дека ќе биде објавено само тоа што е поврзано со криминалот на власта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...