fbpx

Ахмети: ДУИ дејствува без емоции и со студена глава

-

„ДУИ  дејствува без емоции, без лажење и работи со студена глава, го анализира и проучува секое дејство и нема да направи ништо што би им наштетило на граѓаните на Македонија, на Албанците, Македонците и на другите заедници што живеат во оваа земја. Нема да се раководиме од емоции, туку од разумот и од рационалноста. ДУИ нема да тужи ниедна институција. Вакви настани се имаат случено во многу други земји кои се понапредни од Македонија. ДУИ воопшто не се грижи“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ, на прашањето дали се чувствува навреден што коалицискиот партнер, наводно, го прислушувал, објави „Алсат М“.

Ахмети смета дека материјалите треба да бидат јавно достапни. За решавање на прашањето, за време на состанокот што го одржа денеска со евроамбасадорот, Аиво Орав, тој побара вклучување на меѓународниот фактор.

„Апелирам сè што има, бидејќи јавноста и вие сте толку љубопитни, нека излезе во јавноста, нека се знае сè и за институциите и за поединците… Ние бараме меѓународната заедница да воспостави политичка комисија и експерти во оваа област, за овој процес да добие кредибилитет и веродостојност кај сите граѓани и да се отстрани сомнежот како ќе се одвива и третира процесот“, додава Ахмети.

Амбасадорот Орав го посети и седиштето на ДПА, каде за последните случувања разговараше и со претседателот на партијата, Мендух Тачи. Во понеделникот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави неколку аудиоснимки за кои рече дека се дел од снимките на 20.000 прислушувани граѓани, меѓу кои биле и тројцата лидери на албанските партии, Али Ахмети, Мендух Тачи и Руфи Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...