Заев: Нашето место во ОН е потврда за македонскиот јазик и македонскиот идентитет (Видео)

-

Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности и настани. Во европските институции во Брисел и во Стразбур. Одбележувањето на ваквите денови е најсилниот потсетник за начелата и вредностите кои не смееме да ги заборавиме, но и за патот по кој треба да продолжиме, порача премиерот Зоран Заев на прославата во Куманово на Денот на народното востание – 11 Октомври.

Честитајќи го празникот на Народното востание, тој порача дека македонската држава е резултат на стремежот за борба против репресии и неправда и дека на борците од Народно-ослободителната војна (НОВ) им должиме признание за нивната жртва поради такви идеали и дека сите мора да градиме општество на еднаквост, какво што посакувале тие.

„На денешен ден 11 Октомври – Денот на народното востание, нашите сограѓани во Куманово и Прилеп, се одважија и презедоа акции со кои го означија почетокот на сенародната борба за слобода и правда и во триумфот на победата го остварија вековниот сон – сопствената и заслужена државност. Со овој голем историски чин започна и впишувањето македонската држава на мапата на народите на светот. Патот на македонската држава е проследен со борба против сите форми на фашизам, репресии и неправда. Но, и со постојан стремеж за слобода, правда и еднаквост за сите чесни и добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност, водени од желба за подобар живот. Денеска, стоиме тука во Куманово, во градот херој, горди, со кренати глави чувајќи го заветот на нашите државотворци. Поради храбрите борци на НОБ денес сите ние имаме патриотска должност да се обединиме во создавањето на едно праведно општество“, порача премиерот.

Тој порача дека земјава мора да продолжи по патот кон демократските вредности и дека во последниот период е сторено многу и за подобрување на односите со соседите и на состојбите во регионот.

„Нашиот повик, борбата на сегашните генерации, е да обезбедиме развиена, безбедна и силно меѓународно интегрирана држава, во која младите ќе имаат просперитетна иднина. Токму затоа, во минатиот мандат приоритетите ги насочивме на надворешен план. Со упорност и одважност ги постигнавме Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и Договорот од Преспа со Грција, со кои по децениско заостанување Северна Македонија направи пробив на меѓународен план. Сето ова се реализираше првенствено низ полноправното членство на нашата држава во НАТО и со утврдувањето на почетокот за преговори со Европската Унија, како и низ градењето на партнерски однос со сите наши соседи. Благодарение на овие договори Северна Македонија од држава оставена на маргините, се претвори во активен чинител на меѓународната сцена. Денес нашата држава е ценет и посакуван партнер. Успешна приказна која започна да го менува наративот на Балканот.

Соседите денес ни се сојузници и силни поддржувачи на меѓународен план. Ова е од исклучително значење, токму сега, во пандемијата на КОВИД-19, кога со сите држави од соседството – Бугарија, Србија, Косово, Албанија и Грција, секојдневно заедно соработуваме во справување со кризата. Како дел од моќното НАТО семејство, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, нашата држава стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност – порача Заев денеска во Куманово, на прославата на 11 Октомври организирана од Владата.

Зборувајќи за предизвиците пред кои е исправена земјата, тој посебно ја напомена корона кризата и побара опозицијата „да покаже државничко однесување“.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...