fbpx

Во Белград попладнево нов протест „Србија против насилството“

Фокусот на денешниот протест ќе биде ставен на образованието, поради, како што велат организаторите, хаотично соопштениот план за крајот на школската година

-

Нов, шести по ред, протест „Србија против насилството“, ќе се одржи попладнево во Белград, со почеток во 18 часот, јавија српските медиуми.

Демонстрантите ќе се соберат пред Народното собрание, од каде ќе продолжат до Правниот факултет, па потоа до Славија и до зградата на Владата, околу која граѓаните ќе направат прстен.

Фокусот на денешниот протест ќе биде ставен на образованието, поради, како што велат организаторите, хаотично соопштениот план за крајот на школската година.

„И на овој протест ќе зборуваат познати личности, жртви на режимот, но и професори и наставници, бидејќи образованието е во срцевината на проблемот со којшто се соочуваме“, објасни претходно пратеничката на Зелено-лев клуб, Биљана Ѓорѓевиќ.

Таа рече дека граѓаните ќе може да испратат пораки од Министерството за образование, како и до Владата.

Ѓорѓевиќ вели дека опозицијата нема да се откаже од барањата до власта, за којашто вели дека има многу начини за да ги исполни уште сега.

„Инсистираме тие барања да се исполнат и дури потоа ќе може да разговараме“, порачува таа.

Барањата на протестите се смена на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми и раководството на Радио телевизија Србија (РТС), како и гаснење на печатените медиуми и укинување на програмите и националните фрекфенции на телевизиите што промовираат насилство.

Се бара и смена на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и на директорот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин.

На протестите „Србија против насилството“ повикуваат опозициските парламентарни групи „Обединети“, Народна партија, Демократска партија, „Заедно-Мораме“, Зелено-лев клуб, „Да не го давиме Белград“, но нагласуваат дека протестите не се политички.

Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести што почнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција само ги подржува и учествува на нив.

Протести „Србија против насилството“ се одржаа на 8 мај, потоа на 12 мај, на 19 мај, на 27 мај и на 3 јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...