fbpx

Бројот на жртви од топлотниот бран во Пакистан достигна 450 лица

-

Повеќе од 450 луѓе умреле во последните три дена во топлотниот бран што го погоди југот на Пакистан, соопштија локалните власти, што е двојно поголем број од бројката објавена вчера.

Најголем број од починатите се во Карачи, најголемиот град во земјата, со 20 милиони жители, каде температурата достигнува и до 45 Целзиусови степени, а често се случуваат и прекини на електричната енергија и на вода.

Овој смртоносен топлотен бран во Пакистан следува месец дена откако сличен бран ја зафати соседна Индија, каде починаа повеќе од 2.000 луѓе.

– Повеќе од 450 луѓе починаа од силниот топлотен бран во последните три дена – рече Сабир Мемон, висок државен преставник во пакистанската провинција Синд.

Владата на државата Синд воведе вонредна состојба во сите болници, повикувајќи ги сите лекари од одмор и зголемувајќи ги резервите со лекови.

Последиците од горештината дополнително се отажнати од секојдневниот прекин на струја, што влијае и на доводот на вода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...