fbpx
Таг: НикосКоѕиас

таг: НикосКоѕиас

Коѕиас: Грција не смее да дозволи турската криза да се пренесе на грчко-турските односи

Грција мора да внимава турската криза да не се прелее на грчко-турските односи и да предизвика инциденти меѓу двете држави, порачува шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во интервју за весникот „Риал њуз“. Грчкиот министер вели дека на осумте турски војници ќе им пресудат грчките правни институции, а апелира дека Турција мора да работи на зајакнување на демократијата и да...

Коѕиас: БЈРМ треба да разбере дека европските држави ја користат само за свои цели

Грчкиот министер Никос Коѕиас смета дека македонската влада се освестува и почнува да разбира дека дел од европските држави само ја користат околу бегалската криза со лажни ветувања. Во интервју за грчката телевизија „Скај“, за проблемите со бегалците во Грција и за затворените порти за нивен премин во Македонија, Коѕиас оцени дека на почетокот Македонија ги слушала и ги следела...

Бегалската криза клучна тема на разговорите на Штајнмајер во Атина

Бегалската криза и справувањето со неа, грчките финансиски проблеми, билатералните прашања, но и регионалните отворени прашања и ситуацијата на Кипар, беа главните теми на денешните средби на шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер, со грчкиот државен врв во Атина. Штајнмајер ги пренесе германските предлози околу начинот на кој Грција треба да се справи со бегалците и да се постави...

Коѕиас и Митов разговараа за приемот на Западен Балкан во ЕУ

Европската перспектива на државите од Западен Балкан беше една од главните теми на разговорот во Атина меѓу шефовите на грчката и на бугарската дипломатија, Никос Коѕиас и Даниел Митов. Двајцата министри истакнаа дека Грција и Бугарија го поддржуваат обидот за интегрирање на другите држави од Балканот во Европската унија, меѓутоа сметаат дека тој прием во европското семејство не може да се...

Утре средба Нуланд – Коѕиас во Атина

Заменичката на државниот секретар на САД за европски прашања, Викторија Нуланд, утре ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Нуланд ќе биде примена во грчкото министерство за надворешни работи во 16.30 часот по локално време, веднаш по средбата на Коѕиас со бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митров. Засега не се најавени други средби на Нуланд со...

Жолчна кавга во грчкиот парламент околу спорот за името

Жестока расправија за иницијативите на грчкото министерство за надворешни работи околу решавањето на спорот за името ја прекина дискусијата на грчкиот парламент за гласање на мерките и на обврските договорени со европските партнери. Лидерот на неонацистичката партија Златна зора, Никос Михалолиакос, среде парламентарната дискусија обелодени документ, допис од министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, со кој се бара од партијата да...

Бакојани и Коѕиас во кавга поради поранешната амбасадорка во Скопје, Пападопулу

Жестока кавга изби меѓу шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и неговата претходничка, Дора Бакојани, поради поранешната амбасадорка на Грција во Македонија, Александра Пападопулу. Причината за политичката расправија е одлуката на Коѕиас да ја повлече Пападопулу од позицијата постојан грчки претставник во ЕУ. Бакојани остро го критикуваше за оваа одлука, коментирајќи дека сака да исклучи искусен дипломат од клучна позиција...

Коѕиас планира засилување на грчката соработка со Балканот

Грција планира поактивна политика за интензивирање на соработката со сите балкански држави. Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, на денешниот Национален совет за надворешна политика, ги информираше претставниците на сите политички партии за намерата за продлабочување на соработката и за интензивирање на врските со Балканот за подобрување на билатералната соработка, но и за трасирање на патот за побрза интеграција...

Коѕиас идната недела во Косово, Албанија и во Босна

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас планира втора тура на Балканот. Идната недела Коѕиас ќе оди во посета на Косово, Албанија и на Босна, односно државите што ги заобиоколи при јунската посета кога дојде само во Македонија, Србија и во Црна Гора. Како што информираат од грчкото министерство за надворешни работи, Коѕиас на 14 јули ќе оди за Приштина, каде ќе...

Коѕиас најави пакет од три чекори за решавање на спорот за името

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во вечерашното интервју за телевизија „Телма“, најави дека Грција во блиска иднина ќе предложи пакет од три чекори за решавање на спорот за името. - Ќе преговараме во три чекори. Најпрвин тука се мерките за изградба на доверба, кои веќе ги имаме. Второто ќе биде за методологијата околу преговорите за името, а третата фаза ќе...

Заев изрази поддршка за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција

Мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција ги обединија во ставовите владата и опозицијата. Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, изрази поддршка за иницијативата и за договорените мерки за градење доверба, за поголема соработка и за топење на мразот меѓу Македонија и Грција. Според него, 11-те теми, конкретните мерки што беа наброени,...

Коѕиас на средба со Заев

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, во моментов е на средба со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Претходно, шефот на грчката дипломатија се сретна со својот колега, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и со претседателите на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи.

Коѕиас пристигна во Македонија

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, денеска пристигна во Скопје. Коѕиас ќе се сретне со целиот државен врв, но и со опозицијата, а главни теми се очекува да бидат мерките за градење доверба, како и сите теми од билатерален интерес, спорот за името и интензивирање на соработката. Еднодневната посета почна со средба со неговиот колега Никола Попоски во Министерството за надворешни работи, по...

Коѕиас утре во Скопје на средби со целиот државен врв и со опозицијата

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, утре доаѓа во Скопје. Коѕиас ќе допатува во Скопје од Брисел, каде вчера и денеска учествува на Советот за општи и надворешни работи на ЕУ, на кој се разговара и за Македонија. Коѕиас ќе се сретне со целиот државен врв, но и со опозицијата, а главни теми се очекува да бидат мерките за градење...

Грција не верува во позитивен исход од посетата на Коѕиас на Скопје

Колку посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ќе успее да ги измазни и ќе помогне да се надминат разликите меѓу македонската и грчката влада? Во Грција владее благ песимизам дека оваа посета, иако корисна за топење на мразот меѓу двете страни, ќе успее да направи мала револуција и да ги приближи двете држави поблиску до решение. Според анализата...

Коѕиас во јуни во посета на Скопје

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, го информирал министерот Никола Попоски за намерата да ја посети Македонија во јуни. Како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, двајцата министри за надворешни работи на Грција и на Македонија на вчерашната средба на маргините на редовниот состанок на НАТО во Анталија, разговарале за јунската посета на Коѕиас на Скопје, која била и една...

Коѕиас и Попоски се сретнаа во Турција

Анталија ги спои шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција. Никола Попоски и Никос Коѕиас денеска се сретнаа на маргините на редовниот министерски состанок на НАТО во Анталија, Турција. Како што информираат од грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕиас изразил сочувство во име на грчката влада до семејствата на жртвите во вооружените судири во Куманово. Грчкиот министер изразил и голема...

Кери и Коѕиас разговарале за грчко-македонските односи

Спорот за името и идејата за мерки за градење доверба биле дел од разговорите на американскиот државен секретар, Џон Кери, со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас. Како што посочи Коѕиас по синоќешната средба во Вашингтон, со Кери разговарале за новите иницијативи на грчката страна за националните прашања, односно грчко-турските врски и односите меѓу Македонија и Грција. Коѕиас не...

Коѕиас идната недела на средби со Кери, Нимиц и со Ки-мун

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, в недела заминува на еднонеделна посета на САД, каде ќе има бројни средби поврзани и со македонско-грчките односи и со спорот за името. Првата станица на Коѕиас ќе биде Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот државен секретар, Џон Кери, со кој се очекува да разговара за сите прашања од билатерален и меѓународен интерес,...

Средба Коѕиас – Попоски во вторник во Будимпешта

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на маргините на состанокот за енергетска сигурност, идната недела во Будимпешта. Како што информираат од грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕиас, покрај со Попоски, ќе има средби со премиерот на Унгарија, министерот за надворешни работи на Србија и со министерот за европски прашања на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...