fbpx

Бегалската криза клучна тема на разговорите на Штајнмајер во Атина

-

Бегалската криза и справувањето со неа, грчките финансиски проблеми, билатералните прашања, но и регионалните отворени прашања и ситуацијата на Кипар, беа главните теми на денешните средби на шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер, со грчкиот државен врв во Атина.

Штајнмајер ги пренесе германските предлози околу начинот на кој Грција треба да се справи со бегалците и да се постави кон чувањето на границите кон Западна Европа пред својот колега Никос Коѕиас, грчкиот премиер Алексис Ципрас и пред претседателот Прокопис Павлопулос.

Штајнмајер го оценил бегалскиот проблем како европски предизвик, со кој сите држави мора да се справат со заеднички напори. Според Германија, создавањето на одредени контролни точки (hot spots) за бегалците е неопходен услов, но не е доволен за правилно справување со кризата ако не се создаде добро организиран систем за распределба на бегалците низ Европа.

Грчката страна побарала од Штајнмајер поголема контрола во Турција за да се спречи нелегалното пренесување на бегалците во Грција, кое предизвикува голем број човечки жртви.

Грчкиот претседател, Павлопулос, беше остар дека Грција ќе продолжи да соработува со Европската унија околу справувањето со бегалската криза, но нема да дозволи да изгуби контрола над границите.

Тема на разговор биле и грчко-германските односи. Штајнмајер посочил дека гледа волја од грчката страна да се спроведат реформите и договорот со европските партнери. Германија би можела финансиски да ја помогне Грција, но не одобрува никакви олеснувања и кратење на грчкиот долг.

Ципрас во разговорите со Штајнмајер посочил дека владата планира да продолжи со програмата за штедење, иако тие идеолошки не се согласуваат со сите договорени реформи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...