fbpx
Таг: бегалскакриза

таг: бегалскакриза

Одржана првата видеоконференција за бегалската криза

Денеска балканските координатори за бегалската криза ја одржаа првата видеоконференција, како што беше договорено во понеделеникот на самитот на лидерите на земјите од западно-балканската рута, сооошти вечерва Европската комисија. Како што информираат од ЕК, Грција на денешната видеоконференција дала извештај за начинот на кој ќе прими 50.000 бегалци, односно дека од вкупната бројка, 20.000 луѓе ќе бидат сместени во семејства,...

Во Егејско Море вчера загинале 16 мигранти, од кои 11 деца

Најмлаку 16 мигранти, од кои 11 деца, се удавиле вчера во источниот дел на Егејско Море, во повеќе одвоени инциденти, вклучувајќи го и бродоломот кај островот Лезбос, во кој грчката крајбрежна стража успеала да спаси 242 лица, јавуваат светските агенции. Денеска, во близина на островот била спроведена опсежна потрага по 34 мигранти, кои се водат како исчезнати, по потонувањето на дрвениот...

Бегалската криза клучна тема на разговорите на Штајнмајер во Атина

Бегалската криза и справувањето со неа, грчките финансиски проблеми, билатералните прашања, но и регионалните отворени прашања и ситуацијата на Кипар, беа главните теми на денешните средби на шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер, со грчкиот државен врв во Атина. Штајнмајер ги пренесе германските предлози околу начинот на кој Грција треба да се справи со бегалците и да се постави...

Земјите погодени од бегалската криза посветено да работат на нејзино решавање

Предизвиците и состојбите во земјава предизвикани од бегалската криза беа тема на 12. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија, кој се одржа денеска во Охрид, во организација на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и на Министерството за локална самоуправа. Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, истакна дека состојбата со...

Словенечкиот парламент денеска одлучува за распоредување војска на границите

Словенечкиот парламент денеска треба да гласа за законските измени за распоредување сили на армијата на границите заради справување со бегалскиот бран, јавува „Би-Би-Си“. Се очекува парламентот денеска попладне да ги одобри измените за ангажирање на армијата, за што е потребно дво-третинско мнозинство. Измените ќе бидат на сила три месеци. Како што пренесува словенечката државна телевизија, владејачката коалиција најавила дека ќе ги...

Бегалците заглавени на границите поради дневните квоти на Австрија и на Словенија

Одлуката на Австрија и на Словенија дневно да примаат ограничен број бегалци, предизвика метеж и напнатост на хрватско-српската граница, каде илјадници мигранти со часови чекаат да го продолжат патот кон западноевропските земји, јавуваат светските агенции. Во Србија во моментот се наоѓаат повеќе од 10.000 бегалци, кои поради ограничувањата не можат да го продолжат патот кон запад, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на...

Словенија дневно ќе прима по 2.500 бегалци, Хрватска бара двојно повеќе

Словенија ќе дозволи во земјата дневно да влегуваат само 2.500 мигранти, што е двојно помалку од бројот што го бара Хрватска, јавуваат медиумите. Словенечкиот државен секретар за внатрешни работи, Боштјан Шефиц, денеска изјави дека Словенија не може да го прифати барањето на Хрватска за прием на 5.000 мигранти бидејќи дневниот лимит на Австрија бил 1.500 лица, пренесува „Би-Би-Си“. Голем број мигранти,...

Меркел денеска на средба со Ердоган за договор за бегалската криза

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска треба да допатува во посета на Турција, каде со нејзиниот домаќин, претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара околу бегалската криза и за договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција за нејзино решавање, кој сè уште е неизвесен. Меркел, која се соочува со големи притисоци во Германија поради нејзината политика на отворени врати кон бегалците, според...

Повеќе од 4.000 бегалци влегле во Словенија откако Унгарија ја затвори границата

Илјадници мигранти, во изминатото деноноќие, влегле во Словенија, откако ноќта меѓу петокот и саботата унгарските власти ја затворија границата со Хрватска и го запреа протекот на бегалци на нивна територија. Како што соопшти Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), во Словенија од Хрватска влегле околу 4.000 мигранти. Најголем дел од нив имаат намера да го продолжат својот пат кон...

Словенечката војска ќе ѝ помага на полицијата околу приемот на бегалците

Словенечката војска ќе биде вклучена и ќе помага во организирањето на бегалците кои од Хрватска влегуваат во земјата, откако Унгарија ноќеска на полноќ со бодликава жица ја затвори зелената граница со Хрватска и го запре протекот на мигранти на нејзина територија, соопшти денеска словенечкиот премиер Миро Церар. „Владата донесе одлука да ја вклучи војската, која ќе ѝ помага на полицијата“,...

Потона брод со бегалци крај турскиот брег, 12 загинати

Дванаесет лица се удавиле, а 25 се спасени кога брод кој пренесувал бегалци потонал во близина на турското крајбрежје, јавуваат светските агенции. Според информациите, турската крајбрежна стража ги извлекла телата од дрвен брод, кој пловел од турскиот град Ајвалика кон грчкиот остров Лезбос. Сè уште нема информации за потеклото на бегалците кои се превезувале во бродот. Повеќе од 3.000 бегалци и...

Орбан утре ќе соопшти дали ќе ја затвори и границата со Хрватска

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, најави дека утре ќе ја соопшти конечната одлука за затворање на границата со Хрватска поради бегалската криза, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ. Пред тоа, тој за планот уште еднаш ќе разговара со европските и со регионалните партнери на вечерашниот самит на шефовите на влади на 28-те земји-членки на Европската унија (ЕУ) во Брисел, на кој тема...

„Балкански форум за безбедност“: Бегалската криза ја прави кревка безбедносната состојба во земјава

„Балканскиот форум за безбедност“ денеска, пред студентите од Факултетот за туризам и угостителство и граѓани на Охрид, одржа дебата за бегалската криза, насловена „Европската бегалска криза - причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“. Во фокусот на дискусијата беше Република Македонија како главна рута на бегалскиот бран, а говореа Благоја Марковски, претседател на форумот, универзитетски...

Бан Ки-мун: ЕУ да продолжи да работи на решавањето на бегалската криза

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска ги повика членките на Европската унија да продолжат да работат заедно на решавање на најлошата мигрантска криза од Втората светска војна и ги пофали напорите на Унија да се избори со овој „глобален феномен“. - Се надевам дека Европската унија и Италија ќе продолжат да покажуваат солидарност – изјави тој во интервју за италијанскиот...

Почнува дводневниот ЕУ-самит посветен на бегалската криза

Лидерите на Европската унија денеска во Брисел на дводневен самит ќе расправаат за бегалската криза. Се очекува лидерите на ЕУ да разговараат за зајакнување на европските граници, како и за барањето на Турција за создавање безбедна зона на северот на Сирија, од каде доаѓаат најголем број бегалци. Речиси два милиони сириски бегалци се наоѓаат во Турција, а стотина илјади годинава ја...

Шведска очекува повеќе од 150.000 бегалци до крајот на годината

Шведскиот премиер, Стефан Лофвен, денеска соопштил дека бројот на бегалци што ќе побараат азил во оваа скандинавска земја до крајот на годината би можел да изнесува повеќе од 150.000 луѓе, јавуваат светските медиуми. Тој посочил дека во изминатите седум дена во земјата пристигнале околу 9.000 бегалци и дека „ако работите продолжат да се одвиваат со ист интензитет, повеќе од 150.000 луѓе ќе...

Германија очекува 1,5 милион баратели на азил, двојно повеќе од досегашните процени

Бројот на бегалци што бараат азил во Германија до крајот на годината ќе изнесува 1,5 милион лица, што е речиси двојно повеќе од досегашните процени, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информациите објавени од германскиот дневен весник „Билд“. Од германската влада засега нема коментар во врска со новите процени, кои се дел од официјален интерен извештај, цитиран од „Билд“. Во извештајот, меѓу другото,...

Пусиќ: Да се намали тензијата меѓу Србија и Хрватска

Шефицата на хрватската дипломатија, Весна Пусиќ, денеска во Њујорк изјави дека Хрватска и Србија треба да ги намалат тензиите што настанаа поради бегалскиот бран и предизвикаа блокади на границите. - Тензијата меѓу Хрватска и Србија е сосема непотребна и сметам дека е неопходно таа веднаш да се намали, но и да се почне со решавање на проблемите во партнерство со државите...

Котевски: Работиме на откривање на лажните азиланти од Македонија

Министерството за внатрешни работи (МВР) во континуитет, уште од донесувањето на одлуката за визна либерализација, презема мерки за спречување на бранот лажни азиланти и покрај бегалската криза, изјави денеска помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски. Тој го кажа ова запрашан да даде коментар во врска со тврдењата на дел од европските лидери дека лица од Западен Балкан ја...

Ниту Израел, ниту богатите арапски земји не ги сакаат бегалците од Сирија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска ги одбил барањата на опозицијата да ги прифати бегалците од војната во соседна Сирија, изјавувајќи дека неговата земја не е рамнодушна на трагедијата, но е мала и мора да се заштити од тероризмот и од илегалната миграција, пренесува ХРТ. Израел ја смета Сирија за непријателска држава со која војувала повеќепати од 1948 година. Истовремено, ниту богатите...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...