fbpx

Коѕиас: БЈРМ треба да разбере дека европските држави ја користат само за свои цели

-

Грчкиот министер Никос Коѕиас смета дека македонската влада се освестува и почнува да разбира дека дел од европските држави само ја користат околу бегалската криза со лажни ветувања.

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, за проблемите со бегалците во Грција и за затворените порти за нивен премин во Македонија, Коѕиас оцени дека на почетокот Македонија ги слушала и ги следела инструкциите од земји како Австрија за чување на границите со надеж дека ќе ни помогнат за решавање на отворените прашања, како приемот во Европската Унија и во НАТО.

– Наша проценка е дека на почетокот владата на БЈРМ се возбуди за улогата што ѝ ја доделуваа Австрија, Унгарија и други држави и сметаше дека така ќе го реши својот проблем. Сега оценуваме дека почнуваат да разбираат дека само ги користат. Она што треба да го разберат е дека ако продолжат така, тоа ќе ги чини. Втора работа е дека другите ги користат, а тоа не оди во нивна корист. Едноставно кажано, Австрија им вели „ќе ви помогнеме да влезете во евроатлантските институции“, а Австрија ни самата не е членка на НАТО. Што ќе помогне? Тоа се смешни работи – изјави Коѕиас во интервјуто.

Министерот откри дека во понеделникот требало да се одржи средба и да се разговара за мерките за градење доверба, меѓутоа се откажала бидејќи условите не биле погодни за тоа. Сепак, беше оптимист дека мерките се успешни и веќе имаат помогнато да се развијат подобри врски меѓу Македонија и северниот дел на Грција.

– Мерките за доверба беа наша иницијатива. На почетокот сите се противеа, бев омаловажуван од Груевски, па од посредниот Нимиц, кој мислеше дека ќе му ја земам работата. Реално, мерките успеаја и почнуваат да ги развиваат врските меѓу Северна Грција и нашиот северен сосед – додаде Коѕиас.

На новинарско прашање зошто не се направи еден минисамит во Атина меѓу грчката влада и државите од Западен Балкан, грчкиот шеф на дипломатијата истакна дека тоа не е потребно бидејќи во минатото имало вакви средби. Според него, сите држави од Западен Балкан набргу ќе се освестат дека не можат да имаат никаква добивка од ваквата ситуација.

Говорејќи за бегалската криза, Коѕиас посочи дека Грција би можела да издржи и да се справи со максимум 150.000 бегалци. Неговиот најголем страв, како што истакна, е да не дојде до дополнителна дестабилизација на Блискиот Исток и во Арапскиот Свет, бидејќи потоа работите целосно би излегле надвор од контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...