fbpx

Коѕиас најави пакет од три чекори за решавање на спорот за името

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во вечерашното интервју за телевизија „Телма“, најави дека Грција во блиска иднина ќе предложи пакет од три чекори за решавање на спорот за името.

– Ќе преговараме во три чекори. Најпрвин тука се мерките за изградба на доверба, кои веќе ги имаме. Второто ќе биде за методологијата околу преговорите за името, а третата фаза ќе биде за самото име – рече Коѕиас.

Тој изрази оптимизам дека двете земји ќе најдат компромис околу прашањето за името бидејќи, како што рече, „не затоа што ова е лесно, туку затоа што треба да го направиме, мораме да го направиме, двете земји, целиот Балкан“.

Според Коѕиас, актуелните кризи што ги тресат и Македонија и Грција „се и можност да се најде решение и на најголемите проблеми како што е проблемот за името“.

– Мислам дека кризите, како што ние велиме на старогрчки, означуваат не само проблем туку и перспектива и можност да биде пронајдено решение. Дури и кога докторот им вели на пациентите дека имаат тешка здравствена криза, тоа не значи дека тие ќе умрат, туку дека мора да се пронајде начин за да останат живи и да оздрават. Кризата нема само негативно значење, туку, исто така, и позитивно значење. Мислам дека можеби тоа што сме во криза и имаме голем проблем, значи дека имаме шанса повторно да размислиме за тие проблеми и да најдеме нови начини и нови идеи за проблемот за името – рече Коѕиас.

Грчкиот министер за надворешни работи денеска имаше средба со својот македонски колега, Никола Попоски, на која беа усвоени 11 мерки за градење доверба меѓу двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...