fbpx
Таг: спорзаиме

таг: спорзаиме

Жолчна кавга во грчкиот парламент околу спорот за името

Жестока расправија за иницијативите на грчкото министерство за надворешни работи околу решавањето на спорот за името ја прекина дискусијата на грчкиот парламент за гласање на мерките и на обврските договорени со европските партнери. Лидерот на неонацистичката партија Златна зора, Никос Михалолиакос, среде парламентарната дискусија обелодени документ, допис од министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, со кој се бара од партијата да...

Коѕиас најави пакет од три чекори за решавање на спорот за името

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во вечерашното интервју за телевизија „Телма“, најави дека Грција во блиска иднина ќе предложи пакет од три чекори за решавање на спорот за името. - Ќе преговараме во три чекори. Најпрвин тука се мерките за изградба на доверба, кои веќе ги имаме. Второто ќе биде за методологијата околу преговорите за името, а третата фаза ќе...

Иванов: И Грција и ние сме влезени во туѓа игра за името

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во вчерашното интервју за телевизија „Сител“, рече дека прашањето за спорот за името има нова реалност и дека и Македонија и Грција се влезени во туѓа игра, во која интересите ги имаат другите. - Прашањето за името со соседна Грција на некој начин е влезено во поинаква фаза. Имаме нова реалност. Првпат на политичка сцена на...

Ципрас сака, Каменос нејќе да има „Македонија“ во името

Независни Грци ги отворија картите за спорот за името. Лидерот Панос Каменос, коалицискиот партнер на премиерот Алексис Ципрас во новата грчка влада, отворено изјави дека не се согласува со Ципрас и со СИРИЗА околу спорот за името. Во интервју за грчката телевизија „Мега“, тој јасно истакна дека доколку некогаш дојде до решение, Независни Грци нема да поддржат име што ќе го...

Ципрас: За името да преговараме во ООН

Новата грчка влада ќе ја задржи и натаму постојната национална грчка црвена линија околу спорот за името. Премиерот Алексис Ципрас, при претставувањето на програмата на владата, посочи дека е важо да се најде решение за името и најави дека ќе продолжат со напорите да се најде решение за име со географска одредница за севкупна употреба - ерга омнес. - Важно...

Самарас го напаѓа Ципрас со спорот за името

Грчкиот премиер Андонис Самарас го употреби и спорот за името како оружје за напад во предизборната пресметка со СИРИЗА. Во дел од неговата колумна за неделникот „Риал њуз“, Самарас индиректно упатува апел до десничарските пратеници да не гласаат за партија што би дозволила соседната држава да го користи името Македонија. „Оние кои лобираа за „заштита на нашите национални прашања“ и за „безбедноста на...

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...