Ципрас: За името да преговараме во ООН

-

Новата грчка влада ќе ја задржи и натаму постојната национална грчка црвена линија околу спорот за името. Премиерот Алексис Ципрас, при претставувањето на програмата на владата, посочи дека е важо да се најде решение за името и најави дека ќе продолжат со напорите да се најде решение за име со географска одредница за севкупна употреба – ерга омнес.

– Важно е во рамки на преговорите во Обединетите нации да се најде заеднички прифатливо решение за разликите за името со поранешната југословенска република Македонија, врз основа на едно сложено име со географска одредница за севкупна употреба – истакна Ципрас, говорејќи за грчката надворешна политика и за односите со Македонија.

Тоа беше единственото што го изјави околу спорот за името, кој се најде на самиот крај на говорот за програмата за владата, зад сите економски и финансиски приоритети на новата коалициска влада на СИРИЗА и на Независни Грци.

Говорејќи за грчката дипломатија, Ципрас истакна дека новата влада ќе се обиде да води динамична надворешна политика која ќе го врати достоинството на Грција и на грчкиот народ. Најави дека, пред сè, надворешната политика ќе ги штити грчките интереси, сувереноста, територијалниот интегритет на државата и на билатерално ниво, како и во сите меѓународни институции во кои учествува Грција. Втора клучна работа на која ќе се насочат и, која ја засегнува Македонија, ќе биде обидот за мирно решавање на сите отворени спорови врз основа на меѓународното право и градење доверба.

Како што најави Ципрас, Грција и понатаму ќе се обиде да задржи активна и влијателна улога како регионален фактор на стабилност во регионот, зафатен од многубројни конфликти и со воени жаришта. Тој подвлече дека ќе учествуваат во напорите за да се создаде посилна европска безбедносна структура во овој период, кога е потребно фокусирано справување со, како што го нарече, катастрофалниот растечки феномен на џихадизмот кој од ден на ден сè повеќе се проширува.

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како М.Ј.Б. (24)...

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата...

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Мрежата против дезинформации за Балканот (ADN-Balkans) остро го осуди физичкиот напад врз новинарката на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“, кој се случи на 15 април додека таа известуваше од...

Посебен сообраќаен режим за Велигден во Скопје – кои улици ќе бидат затворени?

По повод големиот христијански празник „Воскресение Христово – Велигден“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на одредени улици во главниот град. Промените ќе се...

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како...