fbpx

Бакојани и Коѕиас во кавга поради поранешната амбасадорка во Скопје, Пападопулу

-

Жестока кавга изби меѓу шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и неговата претходничка, Дора Бакојани, поради поранешната амбасадорка на Грција во Македонија, Александра Пападопулу. Причината за политичката расправија е одлуката на Коѕиас да ја повлече Пападопулу од позицијата постојан грчки претставник во ЕУ.

Бакојани остро го критикуваше за оваа одлука, коментирајќи дека сака да исклучи искусен дипломат од клучна позиција поради лични мотиви. Пратеничката на Нова демократија и поранешна шефица на дипломатијата, побарала од Коѕиас да ја задржи Пападопулу на позицијата. Според информациите, меѓу Коѕиас и Пападопулу владеела затегната клима и грчкиот министер писмено ја информирал дека ја повлекуваат од позицијата во Брисел кусо пред изборите. Меѓутоа, пред да има можност да ги спакува куферите, Пападопулу добила наредба од привремениот министер за надворешни работи, Петрос Моливијатис, да остане таму бидејќи било несфатливо во толку критичен момент Грција да остане без свој претставник во ЕУ.

По повторниот реизбор на владата на Ципрас, Коѕиас одново наредил Пападопулу да се повлече од позицијата во Брисел. Според информациите во грчките медиуми од извори на грчкото МНР, Коѕиас инсистира на нејзина замена поради незадоволство од нејзините активности за време на седуммесечните преговори со европските кредитори, додека, пак, други коментираат дека незадоволството на Коѕиас се должи на фактот што Пападопулу пренесувала информации на соработници на Самарас и на функционери на Нова демократија од преговорите со европските кредитори.

Дел од медиумите пишуваат дека дипломати во грчкото МНР сметаат дека ова е хајка против Пападопулу од двајца членови на СИРИЗА во грчкото претставништво во Брисел за да се донесе човек од партијата на нејзината позиција.

Покрај расправата за односот кон Пападопулу, Бакојани ги критикуваше и Коѕиас и премиерот Алексис Ципрас за одлуката надворешната политика да падне во сенка. Упати остра критика што Ципрас во ниту еден дел од говорот за претставување на програмата, не се посветил на отворените прашања од надворешната политика, како, на пример, кипарското прашање.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...