fbpx

Утре средба Нуланд – Коѕиас во Атина

-

Заменичката на државниот секретар на САД за европски прашања, Викторија Нуланд, утре ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Нуланд ќе биде примена во грчкото министерство за надворешни работи во 16.30 часот по локално време, веднаш по средбата на Коѕиас со бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митров.

Засега не се најавени други средби на Нуланд со претставници на грчката влада. Сè уште е непозната целосно агендата на разговори на Нуланд и на Коѕиас, но шпекулациите во Грција се дека можно е на масата да се најде и спорот за името.

Грчките медиуми изминатиот период ја „обележаа“ Нуланд како еден од главните актери во новиот американски напор да се издејствува побрзо решавање на спорот за името. Во Грција, Нуланд се смета за една од оние што вршат најголеми притисоци и двете страни да отстапат од црвените линии и што побргу да најдат компромисно решение, како и главниот „виновник“ што Македонија на состанокот за борба против Исламска држава (ИД) во Обединетите нации (ОН) учествуваше под уставното име, на големо незадоволство на Грција.

Оцените во Атина се дека Нуланд доаѓа за да го подготви теренот за посетата на американскиот државен секретар, Џон Кери, кој се очекува да ја посети Грција во текот на ноември.

Коѕиас по состанокот со Нуланд го очекува серија средби со клучни европски дипломати. Шефот на грчката дипломатија следната недела ќе се сретне со неговиот француски колега, Лорен Фабиус, кој доаѓа во Грција како придружба на францускиот претседател, Франсоа Оланд. На крајот од месецот, односно 29 октомври, според неофицијални информации, Коѕиас ќе биде домаќин и на шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...