fbpx

Во Истанбул откриени кампови на ИД за деца

-

Турскиот весник „Ватан“ јавува дека во подруми на зграда во истанбулскиот кварт Пендик и Башекшехир се откриени милитантни „кампови“ на Исламска држава за деца.

Веста доаѓа откако полицијата за сузбивање терористички активности, на 18 и на 19 октомври, спроведе 18 одвоени рации. Приведени се најмалку 50 осомничени, од кои 24 деца. Повеќето од уапсените биле Узбекистанци и Таџикистанци.

Весникот „Хуријет“ пишува дека материјалните докази на локациите откриваат дека „претежно узбекистанските“ инструктори ги учеле децата на темелните вредности на ИД и како да живеат во рамки на нив.

Апсењата се поврзани со зајакнување на антитерористички акции во Турција, по двојниот бомбашки напад во Анкара.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...