fbpx

Словенечкиот парламент денеска одлучува за распоредување војска на границите

-

Словенечкиот парламент денеска треба да гласа за законските измени за распоредување сили на армијата на границите заради справување со бегалскиот бран, јавува „Би-Би-Си“.

Се очекува парламентот денеска попладне да ги одобри измените за ангажирање на армијата, за што е потребно дво-третинско мнозинство. Измените ќе бидат на сила три месеци.

Како што пренесува словенечката државна телевизија, владејачката коалиција најавила дека ќе ги поддржи измените, но за нивно изгласување се потребни и гласови од опозицијата.

Според словенечката полиција, од петокот до денеска од Хрватска во земјата пристигнале вкупно 18.469 мигранти, од кои околу 5.000 пристигнале само во текот на денешниот ден.

Претходно, словенечкиот државен секретар за внатрешни работи, Боштјан Шефиц, соопшти дека Словенија дневно ќе прима по 2.500 мигранти бидејќи дневниот лимит на Австрија бил 1.500 лица.

Премиерот Миро Церар ги повика другите земји-членки на Европската унија (ЕУ) да ѝ помогнат на Словенија, нагласувајќи дека земјата нема капацитет да се справи со бројот на мигранти што доаѓаат од Хрватска.

„Погрешно е да се гаи илузијата дека е можно мала земја со два милиони жители да се справи со ситуација, нешто во што не успеаја ниту некои од поголемите земји од ЕУ“, ја цитира „Би-Би-Си“ изјавата на словенечкиот премиер.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и словенечкиот претседател, Борут Пахор, попладнево во Брисел ќе имаат средба на која ќе разговараат за проблемите со кои се соочува Словенија поради напливот на бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...