вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: кампови | 46 резултати

Георгиевски: Нема да се градат станови за бегалци во Гази Баба

август 23, 2017

Граѓаните може да се уверат дека лажните вести за наводни кампови или станови за мигранти, што ги шири ВМРО-ДПМНЕ, немаат врска со реалноста, изјави денеска Борче Георгиевски, претседател на општинската организација на СДСМ Гази Баба. -Владата на Република Македонија, предводена од СДСМ не планира изградба на станбени единици за бегалци на територија на општината Гази […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за Царовска поради стратегијата

август 8, 2017

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесоа интерпелација за министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, поради стратегијата за мигрантите. Пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, изјави дека Царовска не ги консултирала граѓаните и дека тие не се запознаени со стратегијата, а не биле консултирани ниту општините, туку се ставени пред свршен чин. – Станува збор […]

МТСП: Лажна вест е дека ќе се градат станови за бегалци, Македонија е транзитна земја

август 7, 2017

Министерството за труд и социјална политика во реакција до медиумите вели дека лажна вест е дека државата ќе гради станови за бегалците и дека тие ќе остануваат во Македонија. Од министерството велат дека нема да се градат кампови за бегалци, нема да им се даваат државјанства и дека Македонија е држава која е транзитна станица […]

Инциденти на Крит на протести поради бегалската криза

септември 28, 2016

Насилство и физички пресметки избија на Крит за време на два протести поради бегалската криза. Судирите се случија на критскиот град Ретимно, каде денеска имаа паралелни протести група ултрадесничари кои реагираат против идејата да се донесат бегалци на Крит и група поддржувачи на бегалците, кои сметаат дека треба да им се помогне и да се гарантира […]

Бегалци сечат вени поради одбиени барања за азил

септември 27, 2016

Негативните одговори на бегалските барања за азил во Грција создаваат нови проблеми и тензии во бегалските кампови на островите. Младо момче од Авганистан вчера предизвика вознемиреност во бегалскиот центар на Хиос откако ги пресече вените гневен на одлуката да му биде одбиено барањето за азил во Грција. Локалниот информативен портал „Политикиос“ (Politischios.gr) пренесува дека вработените во службата […]

Не запираат бегалските бранови од Турција кон Грција

август 29, 2016

Продолжува да се зголемува загриженоста во Грција за континуираните нови бранови бегалци што пристигнуваат на грчките острови. Во државата има речиси 60.000 бегалци распоредени низ бегалски центри, приватни станови и во изнајмени хотелски соби. На грчките острови од Турција секојдневно пристигнуваат нови бегалци, во просек од 50 до 100 бегалци дневно, иако не се ретки и деновите […]

Грција загрижена за можното раскинување на договорот меѓу Турција и ЕУ за бегалците

август 1, 2016

Во Грција продолжува да се зголемува загриженоста од можното раскинување на договорот меѓу Европската Унија и Турција за контрола на бегалскиот бран. Грчките власти се исплашени од предупредувањето на првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, дека Турција може да го поништи договорот во секој момент. Дополнителна загриженост предизвикаа и заканите од турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, […]

АИ: Германија не ги штити доволно бегалските центри

јуни 9, 2016

Невладината организација за човекови права „Амнести интернешнл“ (АИ) ја повика Германија подобро да ги заштити центрите каде што се згрижени мигрантите, по низата расистички напади на тие локации. Бројот на злосторства и на напади врз мигрантите значително се зголемил откако минатата година во Германија пристигнаа повеќе од еден милион азиланти, главно од Блискиот Исток и […]

Исплашени од инцидентите, бегалците си заминуваат од Идомени

април 13, 2016

Околу 800 до 1.000 бегалци си заминаа од Идомени во последните 48 часа. Во понеделникот и во вторникот од Идомени заминаа 15 автобуси полни со бегалци, а во кампот и понатаму доаѓаат автобуси подготвени да ги пренесат бегалци до организираните центри. Исплашени од насилството во неделата, бегалците кои се главно дојдени со семејства по повеќе од […]

Брисел: Мигрантите од Идомени да се преместат во камповите низ Грција

април 11, 2016

Европската комисија денеска упати повик сите мигранти од грчката страна на границата да се преместат во другите кампови во земјата. „Европската комисија ќе продолжи да ја испраќа пораката дека луѓето од Идомени треба да бидат релоцирани и згрижени во прифатните центри во Грција и дека не треба да ги прават овие опасни обиди. Властите и […]

Бегалците од Идомени и од Пиреја одбиваат да заминат од импровизираните кампови

април 8, 2016

Грчката влада успеа да испразни еден дел од пристаништетот Пиреја, но не успеа да ги префрли бегалците во мигрантските центри. Околу 700 бегалци се префрлија само од еден во друг дел на пристаништето. Пристанишната порта Е3, каде живееја досега, ќе биде расчистена и повторно ставена во употреба за време на велигденскиот период кога се очекува […]

Волонтерите си заминуваат од кампот во Идомени?

март 23, 2016

Условите на Идомени и понатаму се влошуваат. Дождот и лошите временски услови се како сол на отворена рана за бегалците по вчерашната најава на дел од волонтерските организации и на УНХЦР дека се повлекуваат од кампот. Шаторите одново тонат во кал, бегалците во студ, а со повлекувањето на волонтерските организации, се стравува дека бегалците ќе […]

Бегалци на Идомени тврдат дека биле истепани од македонската полиција

март 21, 2016

Триесетина бегалци на Идомени биле физички повредени од македонската полиција поради обид за нелегален премин во Македонија, пренесуваат грчките медиуми според информации од волонтери на организацијата „Доктори без граници“. Претставник на организацијата истакнал дека 33 лица од различни земји, на возраст од 17 до 29 години, во саботата се обиделе да влезат нелегално во Македонија. Како што […]

Бриселскиот договор не го намали бегалскиот бран кон Грција

март 21, 2016

Бегалскиот бран кон Грција не стивнува ниту по договорот за враќање на сите бегалци во Турција. Според официјалното соопштение на координативното тело за справување со бегалската криза, до денеска има 50.441 регистриран бегалец. Од вчера до изутринава на грчките острови од Турција пристигнале 1.662 нови бегалци, a на пристаништето Пиреа утринава стигнаа нови 582 бегалци. Според европскиот […]

Викторија Нуланд во посета на бегалските кампови во Грција

март 10, 2016

Заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, денеска е во посета на бегалскиот камп Идомени на македонско-грчката граница. По посетата на Идомени, Нуланд ќе замине во прифатниот центар во Диавата, во близина на Солун, каде во моментов има околу 2.000 бегалци. Според информациите, заменичката на државниот секретар нема да даде никакви изјави за медиумите. Грчките […]

Бегалците ќе чекаат до 18 март за конечна одлука на ЕУ

март 8, 2016

Поплавени од пороен дожд, некои во шатори, некои под отворено небо, меѓу кал, на студено време над 13.000 бегалци на Идомени ја чекаа одлуката од Брисел дали ќе им биде дозволено да го продолжат својот пат кон Германија или не. Изутринава ситуацијата таму е уште полоша. Кал, магла, поплавени шатори и накиснати алишта кои се […]

Пак мирен протест кај темелите за крстот во Бутел под зголемено полициско обезбедување

март 4, 2016

Се зголемува бројот на граѓани што доаѓаат на просторот  каде што во неделата беше поставен камен-темелник за крстот висок 55 метри во скопската општина Бутел. Истовремено зголемено е и присуството на полициските сили. За разлика од утрово може да се забележат повеќе оклопни возила и едно возило со водени топови. По синоќешните мали инциденти, при кои беше […]

Ципрас – Туск: Нема да дозволиме Грција да стане „магацин на души“

март 3, 2016

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска во Атина се согласија дека мора да постои заедничко европско решение за бегалската криза. Туск вети дека Европската Унија нема да ја напушти Грција и ќе ѝ понуди поддршка за справување со кризата. Го повтори ставот дека исклучувањето на Грција од шенген-зоната […]

Грција забрани известување од центрите за мигранти, новинарите обвинија за цензура

март 1, 2016

Грчките новинари се револтирани од одлуката на Министерството за миграција привремено да им се забрани пристап во центрите за мигранти. Кратко по вчерашните инциденти кај Идомени, Министерството соопшти дека нема да им се издаваат дозволи на новинарите за пристап до прифатните центри каде се врши регистрација на мигрантите. Од Министерството истакнуваат дека се работи за привремена мерка и дека […]

Границата кај Гевгелија е „херметички“ затворена и за бегалците и за возовите

март 1, 2016

Бегалците кај Идомени, Грција, денеска мирно протестираат барајќи да се отворат границите. Во ова прифатилиште има од 7.000 до 9.000 бегалци од Сирија, Ирак и од Авганистан. Просторот веќе наликува на вистински мал град, со стотици шатори каде бегалците се засолнуваат чекајќи да заминат од Грција. Во кампот снемува резерви од храна и од лекови, поради што волонтерите упатуваат […]

Страна 1 од 3