ВМРО-ДПМНЕ бара закон за „бомби“, а СДСМ сака само измена на кривичниот законик

-

Доколку до вечер на полноќ не се постигне договор на политичките партии во работните групи, во СДСМ размислуваат за повеќе сценарија, меѓу кои е и објавувањето нови аудиоснимки од прислушувани разговори, дознава „Мета“ од извори од опозициската партија.

Оттаму информираат дека главниот проблем што го имаат со ВМРО-ДПМНЕ е законот за „бомби“ и законот за влада. Дознаваме дека од ВМРО-ДПМНЕ бараат со законот за „бомби“ да бидат опфатени сите прислушувани материјали и инсистирале на затворски казни за претставници на медиумите што ќе ги објават. Од СДСМ се против ваквиот предлог и се залагаат за промена на кривичниот законик, со зголемување на казните за поседување на прислушуваните материјали.

„Мета“ дознава дека еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, инсистирал на вчерашната средба да се решат само отворените прашања, за влада и за специјалното обвинителство, а за прислушуваните материјали да се зборува откако овие две прашања ќе бидат решени. Сепак, дознаваме дека од ВМРО-ДПМНЕ не ја прифатиле оваа сугестија и осум до десет часа инсистирале на разговор за ова прашање. На крајот на средбата, еврокомесарот Хан изреагирал дека во вакви услови тој не може да даде препорака за европската иднина на Македонија и ја напуштил резиденцијата на ЕУ во Пржино.

Во однос на законот за влада, од ВМРО-ДПМНЕ инсистирале замениците-министри да имаат право на вето за сите прашања, додека СДСМ остануваат на ставот право на вето замениците-министри да имаат само за прашања поврзани со изборите.

Денеска, во 17 часот, партиите уште еднаш ќе се обидат да ги усогласат ставовите околу отворените прашања.

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по повод Велигден. Неговата...

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во Белград во...

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје, општина Чучер...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по...