fbpx

Средба Коѕиас – Попоски во вторник во Будимпешта

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на маргините на состанокот за енергетска сигурност, идната недела во Будимпешта.

Како што информираат од грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕиас, покрај со Попоски, ќе има средби со премиерот на Унгарија, министерот за надворешни работи на Србија и со министерот за европски прашања на Турција.

Ова ќе биде втора средба на Коѕиас и на Попоски по кусиот разговор во март во Рига.

Неизвесно е дали оваа средба ќе донесе нешто повеќе за листата мерки за градење на довербата кои Атина најави дека ќе ги достави во април до македонската влада.

Коѕиас оди во Будимпешта в понеделник за да присуствува на вторничката министерска средба за енергетска безбедност, на која, покрај Грција, учествуваат и Македонија, Унгарија, Турција и Србија. Главна тема на состанокот ќе биде енергетската безбедност во регионот на Централна и на Југоисточна Европа, а иницијатор за состанокот е унгарскиот министер за надворешни работи.

По состанокот во Будимпешта, Коѕиас продолжува за Москва, каде ќе го придружува премиерот Алексис Ципрас на првата официјална посета на Русија.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...