fbpx

Коѕиас во јуни во посета на Скопје

-

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, го информирал министерот Никола Попоски за намерата да ја посети Македонија во јуни. Како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, двајцата министри за надворешни работи на Грција и на Македонија на вчерашната средба на маргините на редовниот состанок на НАТО во Анталија, разговарале за јунската посета на Коѕиас на Скопје, која била и една од причините на новата средба со Попоски, како и општо за неговите планови за посета на сите држави од Западен Балкан.

Коѕиас за „Катимерини“ изјавил дека се на добар пат и разговорите за усвојување мерки за градење доверба.

– Разговаравме за мерките за градење доверба. Имаме разменето листи со предлози. Има многу интересни коинциденции. Разговаравме за процедурата со која можеме да продолжиме, да почнеме на пониско чиновничко ниво да ги потврдиме овие совпаѓања и во некој момент да разговараме за нив на ниво на министри – изјавил Коѕиас по средбата со Попоски во Анталија.

Според „Катимерини“, Коѕиас е главниот што ја предложил и турка иницијативата за усвојување мерки за градење доверба со Македонија за да се стопи мразот меѓу двете страни и да се почне соработка на повисоко ниво.
За потсетување, Попоски и Коѕас вчера во Анталија се сретнаа третпат годинава и разговараа за бројни теми од билатерален интерес. Коѕиас изрази сочувство во име на грчката влада до семејствата на жртвите во вооружените судири во Куманово, но и голема загриженост за ситуацијата која е создадена во Македонија, повикувајќи во државата да преовлада воздржаност, разум и дијалог во овие моменти.

На средбата во Анталија, Коѕиас го уверил Попоски во силната грчка поддршка за продолжување на преговорите што се одвиваат во рамки на Обединетите нации околу спорот за името. Сепак, повторил дека Грција останува на своите ставови и строги црвени линии во врска со нашиот прием во ЕУ и во НАТО.

За потсетување, двете министерства имаат разменето списоци со предлози и со идеи за мерки за градење доверба и веќе детално ги имаат разгледано идеите. Според неофицијални информации, се работи, пред сè, за технички мерки кои би ја олесниле соработката на различни нивоа, како усвојување правна рамка и потпишување на договорот за двојно оданочување, отворање нов граничен премин, договор за воспоставување железничка линија кон Битола, интензивирана културна и образовна соработка.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...